1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брисел ја смирува јавноста во Македонија

12 мај 2010

Европската унија жали што во Македонија се случуваат криминални активности и шверц на оружје, одблиску ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со властите во Македонија и во Косово.

https://p.dw.com/p/NMGn

Вака денеска (12.05.2010) се реагира во седиштето на Европската унија на информацијата за четворицата загинати во полициската акција кај Радуша ноќеска.

Брисел ја смирува и јавноста во Македонија – никој во ЕУ не верува во можен нов конфликт или дестабилизација на земјата. Повторување на 2001 не е сценарио во кое верува Европа, но ваквите инциденти со сигурност му штетат на имиџот на државата надвор.

Во момент кога земјата се подготвува за добивање датум за преговори со ЕУ, никому не му е од полза да се случуваат вакви инциденти. Европската унија ќе продолжи да ја набљудува состојбата и во Македонија и на Косово и да собира информации од властите во двете земји, како и од европските делегации и ЕУЛЕКС.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска