Борис Тадиќ, поранешен српски претседател
24 април 2013Реклама
„Во 90-тите години на минатиот век, кога во Југоисточна Европа се рашири човечката и општествена мака, злото, Дојче веле - покрај германските политички фондации - за сите нас беше искра на надеж. Јас тогаш за прв пат дојдов во Дојче веле. Таа посета за мене беше многу важна, тоа можам лично да го посведочам. Тогаш бев во посета како претставник на опозицијата. Кога во тешки околности ќе добиеш пристап кон еден масовен медиум, кој во целиот свет испраќа порака од една земја која поседува висока мера на веродостојност и има тежина во меѓународните односи, тогаш добиваш повеќе сила и мотивација да ги менуваш работите во сопствената земја“.
Борис Тадиќ, претседател на Србија 2004 - 2012 година