1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бомбашки напад врз полициско возило во Истанбул

ЖА/дпа/афп/ртре7 јуни 2016

Во експлозија во центарот на Истанбул денеска утрото, според медиумите, се убиени десетина лица. Турските агенции зборуваат за напад врз полициско возило.

https://p.dw.com/p/1J1iX
Фотографија: Reuters/O. Orsal

Во турската метропола Истанбул утрово се убиени десетина лица во експлозија во близина на автобуска постојка. Агенциите јавуваат за четириесетина ранети луѓе. Бомбата експлодирала во паркирано возило во моментот кога на местото поминувало полициско возило. Некои очевидци тврдат дека биле погодени две полициски возила. Според агенцијата Анадолу, во близина на настанот се слушнале и истрели. Експлозијата се случи во квартот Везнекилер, кој е омилен и кај туристите. Во близина се наоѓа и Истанбулскиот универзитет, како и голем трговски центар. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Во последно време во Турција повеќе напади извршија курдски бунтовници, припадници на екстремистичката организација Исламска држава, како и радикални левичари.

Погледнете го видеото:

Бомбашки напад во Истанбул