1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Едноставност за Божик

25 декември 2011

Христијанските цркви, кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, денеска (25.12) го прославуваат Божик, денот на раѓањето на Исус Христос.

https://p.dw.com/p/13Z2G

Папата Беденикт 16-ти заедно со илјадници верници служеше Света миса во базиликата Свето Петар. Во неговата проповед тој ја критикуваше комерцијализацијата на Божик. „Божик денес стана празник на продавниците, чиј заслепувачки сјај ја крие тајната на покорот“, рече папата. Поглаварот на католичката црква, освен тоа, ги повика католиците ширум светот да покажат солидарност со сиромашните и доселениците.

Денеска папата Бенедикт 16. треба да го даде Божикниот благослов „Урби ет орби“, а на церемонијата се очекуваат повторно илјадници верници.

Десетици илјади верници вчеравечер беа собрани и во Витлеем, каде според преданијата бил роден Исус. патријархот од Ерусалим Фуад Твал во својата молитва побара „мир, стабилност и безбедност“ на Блискиот исток. Освен тоа, за време на Светата миса тој се заложи и за „помирување во Сирија, Египет, Ирак и Северна Африка“. На мисата, на која присуствуваше и претседателот на Плестинците Махмуд Абас, Твал го критикуваше односот кон Палестинците. Тие, спроед него, се орбатија до ОН „во надеж за праведно решение“, а сега повторно од нив се бара „да се ангажираат во пропаднат мировен процес“. Патријархот од Ерусалим, кој е највисок католички црковен претставник во Светата земја, му се заблагодари на Абас за неговите „неуморни напори за праведен мир на Блискиот исток“.

Преданието вели...

Според евангелиското предание Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Во христијанството се верува дека раѓањето на Исус Христос ја донесло светлоста на вистината меѓу човечкиот род и оти со овој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓањето на Спасителот.

Во евангелијата, како особено важно е опишано патувањето на тројцата мудреци од Персија, кои ја следеле најсјајната ѕвезда на небото, која во моментот на раѓањето запрела над пештерата во Витлеем. На новородениот Исус најпрво му се поклониле Богородица и овчарите, а потоа како носители на новата вера и мудреците од Истокот.

Автор: ЕМФ/афп/миа

Редактор: Симе Недевски