1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Бизнис со стравот: бум на осигурувањето против тероризам

Сабрина Милер
29 декември 2017

Минхен, Ансбах, Берлин: Периодите од напад до напад се помали, побарувачката за посебни осигурувања расте. Најтешко се пресметува ризикот од вакви дела.

https://p.dw.com/p/2ocaz
Deutschland Berlin Breitscheidplatz Weihnachtsmarkt 2017
Фотографија: DW/M. Müller

22. јули 2016: 18 годишниот ученик Давид С. со нож нападна пред и во трговскиот центар Олимпија во Минхен деца и младинци. Во цел Минхен вонредна состојба. Полицијата го блокира центарот и околните населби. Цел ден минехнскиот сообраќај околу главната железничка е замрен. Претпоставуваниот терористички напад се покажа како дело на деснорадикална индивидуа. 9 лица загинаа. Само два дена подоцна сириски бегалец пред локал во баварското место Ансбах детонира бомба. 15 лица беа повредени, 27-годишниот напаѓач загина. Подоцна се открива дека имал релации со терористичката организација "Исламска држава".

Потрага низ Берлин

19. декември 2016: околу 20 часот исламистичкиот напаѓач Анис Амри со камион влета на Божиќниот пазар на плоштадот Брајтшајд. 12 лица загинаа, повеќе од 50 се повредени, делумно во животна опасност. За време на потрагата се блокирани улиците околу Божиќниот пазар, кој исто така е затворен.

По овие напади во најкратко време порасна стравот од натамошни напади во Германија. Многумина сметаат дека е само прашање на време кога ќе се случи уште поголем напад. Министерот за внатрешни работи, Томас де Маизие ја проценува бројката на милитантни салафисти на 690 - колку што немало никогаш до сега. „Мора да сметаме на тоа дека може да има натамошни напади од терористички командоси и во Германија", вели Де Маизие.

Deutschland Sicherheitsmaßnahmen Weihnachtmarkt am Breitscheidplatz
Нападот во Берлин беше шок за многуминаФотографија: Reuters/H. Hanschke

Несигурност која се чувствува

Потенцијал на закана кој осигурителните бизниси го открија уште по нападите од 11-ти септември. Побарувачката расте, вели Герхард Хајдбринк, претседател на Управниот одбор на осигурителната куќа Екстремус АД. „Во 2004-та имавме вкупна сума од 410 милијарди, денес се веќе 670 милијарди", вели во интервју за ДВ. Уште тогаш ризикот од закана бил високо проценет и бројките покажувале дека потенцијалната закана и желбата да се потпишуваат такви осигурувања е порасната. „Уште по нападите во Париз 2015-та пораснаа сумите за осигурување и ние бележиме пораст од 25 проценти".

Веќе 15 години има специјални осигурувања против тероризам. Екстремус компанијата беше основана од водечките компании во Германија од А како Алијанц до Ц како Цирих. Тие покриваат сума од 25 милиони евра и приватна штета од терористички или политички мотивирани дела во Германија како и од тоа произлезени прекини во работата на фирмите до 2,5 милијарди евра. Ако штетата е повисока, договорена е државна гаранција со владата. Така како највисоко обесштетување се 10 милијарди евра годишно за штети од тероризам. Обесштетувањето на жртва на напад не е составен дел од полисите на Екстремус.

Повеќе на темата: 

САД предупредуваат: Патувањето во Европа е опасно

Германија: Опасност од младите џихадисти

Известувањето за тероризмот создава тероризам?

Адаптација по 11. септември

Исламистичките напади од 11.9. важат за иницијална каписла за појавата на осигурувања од тероризам во светот. За осигурителниот пазар беа најскапиот случај во историјата. Околу 58 милијарди долари ги чинеше компаниите, како рекорд во браншата.

Нападот на Светскиот трговски центар на германската осигурителна индустрија ѝ предочи како можни штети во висина од милијарди, во германските градови би можеле да направат пазарот да колабира. До тогаш во предметните осигурувања не биле исклучувани штети од терористички напади и за тоа имало неограничено покритие. И во многу компании се случила адаптација, па тие се осигуруваат од загуби од такви прекини во работата, вели Хајдбринк. Пострашно од штетата би била штетата што настанува од прекинот во работата, што води до големи загуби во профитот.

Милионски штети ги кутнаа осигурителните компании

„Кога поединец напаѓач со пиштол или со кола напаѓа маса луѓе, штетата за предмети таму е ниска. Но, ако има оружена терористичка група со експлозивни појаси како во Брисел, штетата може да се движи и до 500 милиони евра", вели Хајдбринк. Штетата на бриселскиот аеродром ја проценува на 300-400 милиони евра. Покритие што ја пречекорува функционалноста на осигурителната компанија. Проблемот притоа е: „Во Германија речиси и да немаме искуство со штетата и немаме претстава колку голема може да биде".

Deutschland Bochum Terrorsperren in Geschenkpapier
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Непресметлив потенцијал на закана

Ништо потешко од пресметувањето на екстремистички дела. Ризик што тешко се пресметува. „Терористичките напади не одат по план не само во простор и време, туку и начинот на кој се изведуваат и тоа нѐ става пред предизвик, но се обидуваме најдобро што умееме да анализираме и соодветно да утврдиме тарифи", вели експертот за тероризам Бјорн Ројсвик од глобалното здружение на Алијанц. При проценката на опасноста соработува со сетринската фирма за светски кризен менаџмент ред24 кои ги анализираат безбедносните ризици во светот.

Се осигуруваат и ситуации

Главно загрозени се големи настани со многу луѓе, инфраструктура и градежни објекти и големи индустриски компании. Екстремус осигурува стадиони, шопинг центри и објекти од посебно значење како цркви, висококатници, аеродроми и железнички станици. Портфолиото постојано се шири.

Од 1.1.2017 Екстремус нуди и осигурување од закана. Тука се трошоците од затворање на погони ако се заканува напад и ако институција на пример затвори шопинг центар, затоа што постои сомневање дека таму ќе се случи нареден напад. „Во тој дел годинава имавме три штети", од кои според Хајдбринк една била незначителна. Затоа што службите сметале дека е терористички напад, Екстремус ја надоместил штетата, но подоцна се покажало дека не е.