1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Колкав е оптимизмот за Македонија?

20 јануари 2011

Покрај за стабилноста на еврото и мерките кои имаат континуитет, унгарското претседателство со ЕУ ќе се ангажира и околу европските перспективи на Западен Балкан, за што се дикутираше и во комисија за ЕУ на Бундестагот.

https://p.dw.com/p/Qte1
Вернер Хојер не е голем оптимист!Фотографија: DW

„Кога е во прашање Западниот Балкан, унгарските пријатели со сигурнот се амбициозни! Но, стравувам дека во некои точки нема да има голем напредок!” Со една ваква песимистичка формулација, Вернер Хојер државен секретар во германското МНР се осврна врз проширувањето на ЕУ како дел од приоритетите на новиот претседавач со Унијата - Унгарија, кои вчера беа мега тема во Бундестагот и нејзините комисии.

Во кусото обраќање кое временски беше ограничено поради пленарната дебата, државниот секретар Хојер потсети дека дваесет години по паѓањето на железната завеса, Унгарија секако дека сака нејзиното претседателство со Унијата историски да го почувствуваат нејзините соседи. Тој, меѓутоа, нејасно ги позиционираше шансите на претендентите за членство. Кажа дека желбите на Хрватска до јули да стане членка на ЕУ се нереални. Отворањето на новите поглавја со Турција, според него, ќе бидат исто комплицирани поради јунските избори.

Рафални прашања за Македонија

Bundestag p178
Пленарната сала на БундестаготФотографија: dpa

За Македонија во воведот Хојер не кажа ни збор, по што следеше рафалот прашања од неколкумина пратеници меѓу кои и Мануел Сарацин (Партијата на Зелените) и Дитмар Ниетан (СПД) кој беше конкретен:

„Го поздравуваме ставот на Европската комисија за Македонија, според кој спорот околу името со Грција не е одлучувачки за статусот и напредокот на земјата кон ЕУ. Затоа ја прашувам и владата: што ќе направи за да го зголеми притисокот врз Грција со што ќе даде сигнал да и се отвори патот на земјата која во регионот јасно е отидена најнапред, а напредокот кон ЕУ и се спречува поради работи кои немаат ништо заедничко со Европа? „

Вернер Хојер пред пратениците во Комисијата не даде одговор на ова прашање, но за македонската програма на Дојче Веле изјави:

„Моите очекувања се големи! Но, секогаш одново сум разочаран! Разочаран сум од блокадата врз Македонија.Се надевам дека ќе се надмине. Но, доколку не се успее, тогаш за тоа нема да се виновни унгарските пријатели кои со сигурност ќе вложат сили да се реши ова прашање, туку двете конфликтни страни - кои не можат да се договорат, за што многу ќе жалам!”

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Симе Недевски