1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бенон: „Ќе ја уништам опозицијата“

ЖА
19 август 2017

Разрешениот главен стратег на Трамп, Стив Бенон, најави дека како новинар ќе продолжи да се бори за десноориентиран курс на владата

https://p.dw.com/p/2iUl7
USA Trump und Bannon
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

Непосредно по своето отпуштање, Стив Бенон се врати на челната позиција на информативниот портал „Брајтбарт њуз“,  најавувајќи дека ќе врши притисок врз сите противници на националистичката и популистичката политика, чиј заговорник е тој, вклучувајќи и етаблирани Републиканци. „Ќе ја растурам опозицијата“, изјави Бенон за конзервативниот неделник „Викли Стандард“. 

Бенон смета дека неговото заминување од Белата куќа сигнализира голем пресврт во програмата на претседателот: „Претседателството на Трамп, за кое се боревме и го освоивме, е веќе минато“. За пример Бенон ја наведува изградбата на ѕид на границата кон Мексико.

Бенон беше најконтроверзниот советник на Трамп. 63-годишниот поранешен офицер на морнарицата и банкар постојано доаѓаше во судир со поумерените претставници во владиниот апарат. Бенон преферира националистички курс во економската политика и беше движечка сила во воведувањето забрана за влез во САД на граѓани од претежно муслимански држави. Критичарите го обвинуваат за антисемитизам.

Трамп долго не се откажуваше од Бенон, кој има голем удел во неговата ланска изборна победа. Многумина од најверните поддржувачи на Трамп го симпатизираат Бенон. Тој, пред да стане шеф во изборниот штаб на Трамп, го водеше „Брајтњуз“. „Машината за убивање“, како што самиот го нарекуваше порталот, е форум за т.н. алтернативни десничари, во кои спаѓаат и неонацисти и расисти.