1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалска трка со пречки низ Европа

Ларс Шолтусук/Ж.А.1 октомври 2015

Србија, Унгарија, Хрватска и Македонија си ги препраќаат бегалците едни на други. Од една , нив ги превезуваат со автобуси во следната земја. Првенствената цел е да не мора да се преземе никаква одговорност...

https://p.dw.com/p/1GgWD
Фотографија: DW/L. Scholtyssyk

Автобуси полни со бегалци-тие мора да слезат среде едно поле со пченка. Српските власти ги превезоа преку целата земја, сега до хрватската граница остануваат само неколку стотици метри.

Хамид, бегалец од Сирија:

„Секој ден патуваме со автобус 8 до 9 часа, спиеме малку, децата пискаат. Возачите не застануваат на попатните места за пауза, прилично сме гладни.“

И овде не останува време за пауза. Србија официјално негира целно носење на бегалците до хрватската граница. Тие сега мора преку илегални патишта низ полето да влезат во ЕУ. Два километри подалеку на хрватската страна: собирен центар, повторно среде поле.

Јусеф, бегалец од Дамаск, на пат е со целото семејство:

„Девојчето го носам овде во торбата, а мојот син од триипол години, пешачи самиот. Сосем сам. Тој е нашиот јунак.“

И повторно се качуваат во автобус, овојпат во Хрватска. Овде дневно доаѓаат по 6.000 бегалци. Следната станица: прифатен логор. За бегалците-повторно една етапна цел.

Катерина Сориќ, портпарол на Црвениот крст вели:

„Се‘ што слушаме од нив е: кога можеме да продолжиме, кога натаму? Тоа е се‘ што тие сакаат.“

Патување кон ЕУ долго со недели: за бегалците секогаш одново трка со пречки. Пред логорот во Хрватска повторно чека друг автобус. Следната станица: границата кон Унгарија.


Иритирачки игри со бегалците низ Балканот