1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

020708 1972 Attentat

Александар Гебел22 јули 2008

Петти септември 1972 година се смета за најцрниот ден во олимписката историја. Палестински терористи извршија атентат врз членови на израелската олимписка делегација.

https://p.dw.com/p/EhVZ
Логото на ОИ во МинхенФотографија: picture-alliance/ dpa

Драмата започна на петти септември 1972 во 4:10 наутро. Осум членови на палестинската терористичка организација „Црн септември“ се прекачија преку оградата и влегоа во олимпиското село. Силно вооружените напаѓачи без проблем ги земаа во заложништво израелските спортиски во нивниот апартман кој се наоѓаше на улицата Коноли број 31.

Известувачот на радио јави: борачот Јозеф Романо и неговиот тренер Моше Вајнберг се повредени уште на почетокот на акција. Двајцата умреа пред очите на спортските другари како последица на ранувањето.


Медиумите наместо за рекорди известуваа за крвавата драма

Ултиматумот успешно е поместен за дополнителни пет часа, до 17 часот. Во меѓувреме терористите преку радио и телевизија дознаа дека полицијата подготвува акција за ослободување на заложниците. Поради пропуст, струјата во апартманот каде се наоѓаа заложниците и терористите не е исклучена. Терористите потоа побараа да им се обезбеди лет до Каиро. Германските преговарачи се согласија. Договорено е два хелихоптера на германската гранична полиција ќе ги транспортираат терористите и нивните заложници до најблискиот аеродром Фустенфелдбруг каде ќе ги чека стартуван авион од типот Боинг 727.


Olympia 1972 München Halbmast
Олимпиското знаме на половина копјеФотографија: picture-alliance/dpa

Според, јавувањата на медиумите, германските полицајци планирале да ги нападнат терористите на аеродромот со - како што е подоцна утврдено - недоволен број снајперисти на покривот од аеродромската зграда и полицајци кои не биле добро обучени за вакви акции. Бараното оклопно полициско возило доаѓа многу доцна. Спасувачката акција е лошо организирана и по два часа завршува како тотално фијаско. Во престрелката и пожарот од испуканата рачна граната загинаа сите заложници, а еден полицаец е смртно ранет во главата. Во истрагата на баварската полиција не се исклучува дека дел од заложниците се погодени од полициски куршуми.


Брендиџ: Игрите мора да продолжат


И покрај заложничката драма, Меѓународниот олимписки комитет реши игрите да продолжат. Помалку морничаво расположение владееше во Олимпиското село. По протестот на голем број олимпијци игрите беа прекинати за половина ден. По комеморативна церемонија на олимпискиот стадион, претседателот на МОК, Евери Брендиџ го најави продолжението со четирите збора кои влегоа во историјата.


„Игрите мора да продолжат“. И продолжија. Секако без преостанатиот дел од израелската делегација која замина по атентатот. Овој настан остави црна дамка врз олимписката идеја. За Германската република, којашто на светот сакаше да му се претстави во поинакво светло по игрите од 1936 година, нападот врз Евреите до ден денеска е голем удар. Сепак, спортот не капитулираше пред политички мотивираното насилство. Германскиот канцелар Вили Бранд.


„Тоа не смееше да се случи. Ние сега треба да се докажеме.“