1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Атентатот во Турку е тероризам

ЖА
19 август 2017

Финската полиција смета дека нападот со нож во Турку, во кој загинаа две лица, има терористичка заднина. Атентаторот е ранет и е во болница.

https://p.dw.com/p/2iUo3
Finnland Messerangriff in Turku
Фотографија: Reuters/LehtiKuva/Roni Lehti

Нападот со нож во меѓувреме се третира како убиство со терористичка заднина, соопшти денеска истрагата. Во финскиот град Турку вчера со нож беа убиени две лица, а осум се ранети. Осомничениот, 18-годишен Мароканец, бил застрелан од полицијата и се наоѓа во болница, на станица за интензивна нега.

Мотивот на напаѓачот првично беше нејасен. Двајцата убиени се Финци, а од повредените двајца потекнуваат од Шведска, а еден од Италија. Финската премиерка Јуха Сипила и нејзиниот кабинет доцна синоќа одржаа вонредна седница на која беа запознати со деталите на инцидентот.

Finnland Messerangriff in Turku
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Riihimaki

Полицијата моментно истражува дали постојат евентуални соучесници на атентаторот, но истакнува дека ситуацијата е под контрола.

Првичните проценки не укажуваа на терористички акт, иако не се исклучуваше ни таквата можност. Очевидец за шведската телевизија СВТ изјави дека, напуштајќи ја својата канцеларија, вчера одеднаш чул врисоци и видел луѓе во панично бегство.

„Видов еден човек со огромен нож кој токму во моментот го заби во една жена“, вели очевидецот.

Полициските сили во Финска по нападот го засилија своето присуство на јавни места, посебно на железничките станици и аеродромот во главниот град Хелсинки. Турку се наоѓа на 170 километри од финската престолнина.