1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Архива: Мобилност на младите со „Еразмус +“

Нина Тројде 27 јануари 2017

ЕУ сака да да даде поттик за престој на младите во странство кои заминуваат на ученичка или студентска размена. Новата програма се вика „Еразмус +“ и би требало да се спроведува во наредните седум години.

https://p.dw.com/p/194TR
Фотографија: Nina Treude

Нови пријатели, нови култури и нов систем на студии - сето тоа Бјанка Лопез го запознала за време на престојот во Шпанија, каде учела еден семестар. Таа живее во Бон, има шпанскo потекло, но израснала само со германскиот јазик, За да ја запознае подобро шпанската култура, во 2009 година си го исполнила сонот и преку европската програма за размена ЕРАЗМУС заминала на универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Бјанка е една од 30-те илјади студенти од Германија кои секоја година преку програмата ЕРАЗМУС заминуваат во странство. Оваа програма на ЕУ веќе 26 години посредува студенти и доценти на универзитетите во 33 земји вклучени во програмата. Тоа функционира преку партнерски универзитети. Но не само студентите, туку и ученици можат да запознаат нови земји со поддршка на ЕУ. Тоа го овозможуваат за таа цел специјализираните програми „Комениус“ и „Леонардо да Винчи“. Програмите се структурирани слично на ЕРАЗМУС и работат со партнерски училишта и претпријатија во странство.

Erasmus Studentin Bianca Lopez Ausflug Sevilla
Бјанка Лопез со колегите во Севиља, за време на престојот во ШпанијаФотографија: Privat

За уште повеќе млади Европејци, како Бјанка, да добијат шанса да „погледнат надвор од својот атар“, ЕУ неодамна донесе одлука да пружи поголема поддршка за престојот во странство на учениците, студентите или оние кои се образуваат низ работа. Претставниците на Европскиот совет и на Европскиот парламент се согласија за воведување нова програма „Еразмус +“. Со нејзе, во наредните седум години, на повеќе од четири милиони млади луѓе ќе им се овозможи да апсолвираат дел од своето образование во странство. Тоа се речиси двојно повеќе млади отколку досега.

Во периодот од 2014 до 2020 година за таа цел на располагање ќе бидат ставени 14,5 милијарди евра. Досегашните програми ЕРАЗМУС, Комениус и Леонардо Да Винчи ќе продолжат да функционираат, но ќе бидат ставени под „една капа“. Освен тоа, со Еразмус + треба да бидат опфатени и досегашните програми на ЕУ за млади, како и една нова спортска акција.

Еразмус + ќе има три големи акциони линии - мобилност, партнерства и политичка поддршка. Во фокусот ќе биде мобилноста, зашто ЕУ се надева дека на тој начин ќе се поттикне борбата против невработеноста, која е еден од најголемите европски проблеми во моментов. Во мај 2013 година без работа биле 5,6 милиони млади под 25-годишна возраст, што значи стапката на невработеност изнесувала 23,5%. „Новата програма затоа треба да придонесе за тоа младите Европејци да добијат дополнителни компетенции и квалификации во странство и со тоа да ги подобрат шансите за вработување“, вели Зигберт Вутиг, раководител на Националната агенција за високошколска соработка во ЕУ на Германската служба за академска размена (ДААД).

25 Jahre Erasmus Siegbert Wuttig Nationalen Agentur für EU Hochschulzusammenarbeit im DAAD
Зигберт ВутигФотографија: DAAD

Нови можности

Програмата ќе понуди интересни новини и за студентите. Тие, на пример, во иднина ќе можат да ги финансираат своите мастер-студии во целата ЕУ со помош на кредити со поволни камати. Со досегашниот „додаток за мобилност“ од 300 евра се покриваше само дел од трошоците. Освен тоа, програмата во иднина ќе подотвори и прозорец кон остатокот од светот, односно ќе има можност за размена со земји кои не се членки на ЕУ.