1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: терористички закани, но без конкретни докази

М. Белингер/ З.Јордановски5 февруари 2016

По апсењето на повеќе лица осомничени за терористички активности се покажа дека нивните планови за напади сепак не биле многу конкретни. Но, Германија и натаму е многу загрозена од можни терористички напади.

https://p.dw.com/p/1HqUs
Фотографија: Reuters/F. Bensch

За полицијата во Берлин петоков како по ништо да не се разликува од кој и да е обичен ден, а весниците денеска се полни со наслови како „Планиран терористички напад во Берлин“ во булеварскиот весник „Билд“, или „Планови за напад кај „Чекпоинт Чарли“ (поранешен премин од Западен кон Источен Берлин во Берлинскиот ѕид, денес неизбежна туристичка атракција) во „Тагесшпигел“, па дури и „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“ пишува за терористо кои планиралле напад во Берлин.

.„Нема докази за конкретно казниво дело“

Вчера полицијата притвори повеќе лица, претресуваше станови и сместувалишта за азиланти. Осомничените наводно биле блиски со терористичката милиција Исламската држава (ИД) и по телефон планирале терористички напади. Но, Михаел Милер, градоначалник на Берлин, уште синоќа во изјава за радио јасно кажа дека веројатно „нема докази за конкретна опасност во нашиот град“. Слочно повтори денеска и Ханс-Георг Масен, претседател на контраразузнавачката склужба: „Нема докази за конкретно, непосредно претстојно терористичко кривично дело“.

Deutschland Razzia angeblicher Kopf der Terrorzelle 34-jähriger Algerier
Фотографија: picture-alliance/dpa/Polizei

Веста што денеска доминира во насловите на весниците, во полицискиот информатор е некаде при дното. Полицијата од Берлин вчера изутрината јави дека врши „претреси во исламистичката сцена“. Во рациите во Берлин, Северна Рајна Вестфалија и Долна Саксонија биле притворени четворица мажи и една жена. Се води истрага поради „подготовка на кривично дело кое ја загрозува државата“, соопштија властите. Според информации во медиумите, осомничените разговарале за цели на напади во Берлин. Властите нив од порано ги сметале за потенцијални терористи и од пред некое време биле надгледувани. Останува нејасно зошто полицијата реши токму во овој момент да интервенира.

Еден осомничен бил во контакт со кадри на ИД

Она за што се сомничат притворените очигледно не е доволно за тие да бидат задржни во истражен затвор. Ни сојузниот јавен обвинител, кој е надлежен за тероризам, не се вклучи во истрагата. И покрај тоа, двајца мажи и жената остануваат во притвор поради - како пто е официјално речено - „налог за апсење во врска со друг случај“. Едниот од нивнаводно фалсификувал дипломи и во Германија живеел со лажен идентитет. Другиот, кој заедно со сопругата е уапсен во едно сместувалиште за бегалци во Зауерланд, е баран со меѓународна потерница. Тој е Алжирец и и’ се приклучил на ИД, за која се борел во Сирија. Подоцна наводно преку балканската патека стигнал во Германија. Според „Тагесшпигел“, тој бил во контакт со високи по ранг функционери на ИД. Магазинот „Шпигел“ гледа трага кон луѓе во заднината на атентатите од Париз од 13. ноември минатата година. Оваа трага ја испитува и полицијата, како што таа самата соопшти попладнево. Брачната двојка и денеска останува во истражен затвор.

Властите не сакаат да зборуваат за некаква ситуација со заострени закани, туку дека состојбата е непроменета. „Голем е ризикот дека може да има терористички напад“, рече Ханс-Георг Масен, претседател на контраразузнавачката Служба за заштита на уставот.