1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Амстердам - креативен и слободен!

14 октомври 2010

Од алтернативни дуќани, паркови до историски музеи: во Амстердам ќе најдете се’. За да видите што е можно повеќе од градот, а притоа да не потрошите многу пари, ќе ви кажеме неколку совети.

https://p.dw.com/p/PVcy
Холандска Венеција?!Фотографија: picture-alliance/dpa

Марихуана, проститутки што флертуваат со минувачи, велосипеди и лалиња. Ова се сигурно работите на кои ве асоцира градот Амстердам. Но тој нуди многу повеќе отколку проституција и лалиња: „Дојдов да ја видам парадата и собирот на јахтите 2010, палатата и старите градби на градот. Има многу историја и култура да се види,“ вели еден турист.

„Сакам да направам тура со туристички автобус. Има многу кафулиња каде што може да се купи марихуана и брза храна. Се’ уште не сум го видела Ермитажот и Ван Гог. Но, најпрво ќе одиме во кофи шоп,“вели една туристка.

Со велосипед низ улицита на Амстердам

Fahrräder in Amsterdam
Велосипеди во АмстердамФотографија: AP

Во градот има многу да се види. Но, сигурно се прашувате како да го прошетате? Се разбира со велосипед, бидејќи Амстердам е мал град. Неговата површина изнесува колку една десетина од Лондон. Ема од Австралија знае зошто возењето велосипед е нашиот прв совет за Вас: „Ефтино е, добро е за кондиција, и може да видите многу од градот едноставно возејќи се по улиците. Многу подобро отколку да се возите со метро или трамвај.“

Во Амстердам можете да изнајмите велосипед за 8 евра на ден. Иако дневен билет за градски превоз чини исто толку, нема ништо подобро од возењето велосипед покрај старите канали, исто како Холанѓаните. Околу 80% од жителите на Амстердам поседуваат велосипед. Постојат посебни патеки за велоспеди, посебни семафори, а речиси и да нема ритчиња по патот.

Austellungstipps v. 27.06.2003 Vincent van Gogh Gogh Modern
Уметничките дела на Ван Гог се изложени во АмстердамФотографија: presse

Кога ќе се возите покрај еден од поголемите канали Принсенграхт, ќе поминете покрај куќата каде што се криеле Ана Франк и нејзиното семејство за време на холокаустот. Куќата ќе ја препознаете веднаш поради големата колона на луѓето што чекаат за влез, бидејќи таа денес е музеј. Ова беше воедно и нашиот совет број два. Влезот чини 8,50 евра, но дефинитивно ќе ви се исплати.

Нашата наредна станица е Вонделпарк. Тоа е најголемата зелена површина во Амстердам и дом на дивите папагали кои пред 30 години најверојатно биле пуштени на слобода од нивните сопственици. Во летните месеци тука ќе најдете и отворени театри со различни настани: џез музика, класика, танцување и кабаре. Нашиот трет совет е – посетете го Вонделпарк за да уживате во сонцето и да гледате како луѓето спортуваат. Тоа секогаш освежува.


Малку градови можат да понудат толку многу како Амстердам

Diamant
Во Амстердам се наоѓа фабрика за дијамантиФотографија: Flickr/jurvetson

Доколку огладнете можете да одите на еден од 20 отворени пазари во градот, како на пример во најголемиот пазар Алберт Куип. Можете да јадете жива харинга збогатена со кромид и зеленчук. Така уживајте во нашиот совет број четири.

Сте биле ли некогаш во просторија со дијамант вреден 12.000 евра? Нашиот совет број пет е да го направите токму тоа, да ја посетите фабриката за дијаманти, каде влезот е бесплатен. Заедно со Антверп во Белгија, Амстердам е еден од главните центри на дијаманти во Европа. Еден дијамант нешто поголем од еден карат чини околу 12.000 евра. Доколку се заморите од посетата на скапите камења, можете да седнете во некое кафуле или паб, да се напиете пиво, и да го набљудувате животот на полните улици околу Вас.

Автор: Моника Грибелер/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска