1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците ќе ја променат Куба

Килијан Шице / ЕМФ6 јули 2015

Топењето на политичкиот мраз меѓу САД и Куба наскоро би можело на комунистичката држава да и‘ донесе соема нов лик. Островот е соочен со масовно доаѓање на американски туристи, а тоа во Куба предизвикува поделени чувства

https://p.dw.com/p/1FtOS
Фотографија: Yamil Lage/AFP/Getty Images

Не е тешко да му се подлегне на шармот на Хавана - згради од колонијалното време, стари автомобили на улиците. Дречливите туристички автобуси некако не се вклопува атво овие кулиси. Но, тоа е Куба во годината 2015-та. Се‘ повеќе туристи, пред се‘ Европејци и Австралијци, ја посетуваат земјата, но многу големиот бран најверојатно допрва доаѓа - десетици, можеби стотици илјади Американци годишно!

Во ресторанот Лас Брисас, среде стариот дел на Хавана, веќе се‘ е подготвено за ваков случај - пина коладите со кубански рум во секој случај веќе сега наидуваат на најголемо воодушевување. Сопственикот на ресторанот, Алекс Маресма, вели: „Чекаме да дојдат американски туристи. Тоа го сакаме сите овде - да разговараат со нас, да не‘ запознаат, да не‘ сфатат нас и нашиот живот.“

... и Американмците да остават што е можно повеќе пари во земјата. Девизите во форма на американски долари на Куба и‘ се и тоа како добредојдени.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Куба: Гринговците доаѓаат!

Но, можна поплава од американски туристи би имала и свои темни страни, стравуваат многмина. Мелиса Елиса Питер, туристка од Австралија, оценува:

„Куба е уникатна земја, без западни марки, без Мекдоналдс или Старбакс. Наскоро овде многу работи би можеле да се комерцијализираат. Мислам дека тоа не е добро.“

Туристот од Шкотска Питер Голхрист го дели таквото мислење:

„Би било голема штета ако се‘ се американизира и го снема кубанското.“

Дотогаш може да се ужива во типичната Куба - како во баровите, каде пред многу години танцувал и Хемингвеј.