1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американците ја објавија листата со руски фирми под санкции

ЕМФ / дв
28 октомври 2017

По одлуката за воведување нови санкции против Москва, американската влада објави и листа со 39 руски фирми со кои американските претпријатија не би требало да работат.

https://p.dw.com/p/2mfNa
Russland Die Basilius-Kathedrale ist durch ein Tor am Roten Platz im Zentrum von Moskau zu sehen
Фотографија: Reuters/File Photo/M. Zmeyer

Американската влада објави листа со имиња на руски претпријатија кои ги доведува во врска со руските тајни служби и рускиот сектор за одбрана. Секој кој од наредната година ќе соработува со погодените фирми, ризикува да биде погоден од новите американски санкции. На листата на американското Министерство за надворешни рбаоти се ставени 39 фирми. Меѓу нив се, на пример, концернот за оружје Алмас-Антеј, познатиот производител на оружје Калашников, или бродската компанија Јунајтед Шипбилдинг Корпорејшн.

Американскиот Конгрес во јули годинава донесе одлука за нови санкции против Русија. Со нив Кремљ би требало да се казни за улогата во конфликтот во Украина, како и за наводното влијание врз американските претседателски избори. Претседателот Доналд Трамп колебливо го потпиша законот. Нему му пречеше што парламентот го стави под притисок во врска со казнените мерки.

Karikatur Annexion Krim von Sergey Elkin
Карикатура на Сергеј Елкин

Конгресот на владата ѝ даде рок до 1 октомври да состави листа со фирми кои ќе бидат под санкции, меѓутоа Министерството за надворешни работи го пречекори тој рок. Одлуката на Конгресот за нови санкции доведе до дипломатско одмерување на силите меѓу Москва и Вашингтон. Русија протера американски дипломати, а САД наредија затворање на руски дипломатски претставиштва.