1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американски конгресмени бараат Грција да се откаже во спорот околу името

Борис Георгиевски5 октомври 2007

Време е Грција да ги тргне своите забелешки од политичката арена и на историчарите да им ги остави дебатите за Александар Велики или за античките Македонци, изјави републиканскиот конгресмен Марк Заудер пред колегите.

https://p.dw.com/p/BmtC
Салата на американскиот конгресФотографија: picture-alliance/dpa

Настапот на Заудер во американскиот конгрес е реакција на резолуцијата што пред Конгресот и сенатот на почетокот на август годинава ја поднесоа неколкумина конгресмени и сенатори и во која се бараше почитување на привремената спогодба за името, а Македонија беше постојано именувана со кратенката ФИРОМ. Заудер на своите колеги им порача дека Македонија е една од земјите кои произведуваат стабилност во регионот и дека е докажан пријател и сојузник на САД. Конгресменот од Демократската партија, Бил Паскрел во својот настап пред американскиот конгрес, вчера изрази загриженост што во текстот на резолуцијата од август, Република Македонија се именува со кратенката ФИРОМ, потсетувајќи ги колегите дека земјата досега е призната од 118 држави во светот под нејзиното уставно име.