1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Алжир: Над 250 мртви во пад на авион

СН/ агенции
11 април 2018

Во близината на градот Алжир се урна авион на алжирската армија. Во несреќата настрадаа поголем број луѓе отколку што првично се претпоставуваше. Причините за несреќата засега се непознати.

https://p.dw.com/p/2vs7F
Militärflugzeug in Algerien abgestürzt
Фотографија: Reuters/R. Boudina

Државната телевизија во Алжир пренесува дека во авионската несреќа настрадале најмалку 257 лица. Меѓу загинатите се десет членови на екипажот и 247 патници во авионот, главно војници и припадници на нивните семејства, соопшти алжирското министерство за одбрана. Тоа не даде никакви информации за евентуални преживеани во катастрофата.  Медиумите пренесуваат оти авионот се урнал во близина на воената база Буфарик во провинцијата Билда, која се наоѓа 25 километри  јужно од главниот град Алжир.

Karte Algerien Boufarik Flugabsturz ENG

Агенцијата АПС потврди дека авионот паднал набрзо по полетувањето од базата Буфарик кон југозападот на Алжир. Воениот траспортер кој падна е од руско прозводство- Илјушин II-76 со 4 мотори.

Фотографиите и видео снимките од местото на настанот покажуваат запалени остатоци од авион, како и бројни спасувачи и пожарникари на едно поле. Причината за несреќата е сѐуште непозната.