1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанија со осуда на инцидентите во Македонија

Вера Тодоровска14 мај 2008

Официјална Тирана искажува осуда и загриженост поради последните настани во Македонија. Премиерот, Сали Бериша оценува дека обидот за атентат врз Ахмети е насочен против мирот и стабилноста на Македонија.

https://p.dw.com/p/DzVe
Сали БеришаФотографија: AP

Албанскиот премиер Сали Бериша остро го осуди обидот за атентат врз лидерот на ДУИ, Али Ахмети и истиот го смета за многу тежок акт, чија цел е да го наруши мирот и стабилноста во Македонија. Бериша, притоа искажува верба во македонските авторитети дека ќе сторат се‘ за да ги откријат, приведат и изведат пред судските органи сите сторители на вакви дела.

Во врска со последните случувања во првите денови од изборната кампања во Македонија, како и инцидентот со Ахмети, загриженост искажа и албанското министертвото за надворешни работи. Во соопштението, остро се осудува секој акт на насилство без оглед кој е негов сторител, и се додава дека за нив не треба да постои никаква толеранција. Ваквите настани се во спротивност со начелата и демократските правила но и со политичките ангажирања за мирна предизборна кампања, со достоинство и без тензии, смета официјална Тирана, и порачува дека против секого кој извршил или поддржува вакви дела треба да се постапува во согласност со законот.

Еден мирен и успешен изборен процес е пресуден за стабилноста на земјата, реформските и интегративните процеси и во интерес на сите граѓани во Македонија, се наведува во соопштението на албанското министертвото за надворешни работи.

Медиумите отстапуваат поширок простор околу почетокот на иаборната кампања, последните случувања и се‘ што е поврзано со тоа, оценувајќи ја состојбата како тензична, пред се‘ во градовите каде што живеат претежно Албанци. Тие потсетуваат дека вакви немили настани го карактеризирале стартот на изборната кампања и пред две година, но со посредство на меѓународните претставници страстите кај албанскиот електорат и партии биле смирени и изборите минале мирно.