1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ал Каеда значително ослабена?

30 јули 2011

Терористичката мрежа Ал Каеда, според проценките на Германската разузнувачка служба БНД, повеќе не е во состојба да изведе гигантски напади како оние на 11 септември 2001 година во САД.

https://p.dw.com/p/126iq
Влезот во седиштето на Германската разузнувачка служба БНДФотографија: AP

Претседателот на германската тајна служба Ернст Урлау во интервју за весникот „Ноје Оснабрикер Цајтунг“ истакнува дека терористичката мрежа Ал Каеда е значително заслабната и не е во состојба да изведе масовни напади.

11.10.2008 DW-TV Journal Interview Uhrlau
Ернст Урлау

„Јадрото на организацијата во Авганистан и Пакистан е продрено и значително ослабено, а покрај тоа од смртта на Осама бин Ладен наваму во Ал Каеда постојат внатрешни судири“, истакна Урлау.

Според него новиот шеф на терористичката мрежа Ајман ал Завахири нема авторитет за да ги надмине конфликтите и ривалствата на регионалните ограноци на Ал Каеда.

Ќелиите во регионот Магреб (Мароко, Алжир и Тунис) или оние на Арапскиот Полуостров во меѓувреме играат посилна улога отколку „јадрото на Ал Каеда“ во Авганистан и во Пакистан, смета Урлау.

Автор:СН/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска