Ако кризата потрае, загрозен е опстанокот на ЕУ
14 септември 2011Реклама
Во денешната (14.09) дебата во Европскиот парламент, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо констатира дека ЕУ се соочува со најтешкиот предизвик на оваа генерација. „Ова е борба за политичката иднина на Европа и за европската интеграција“, нагласи Барозо.
Тој ги повика земјите од еврозоната да ги спроведат мерките кои беа усвоени на 21 јули, за да може се реализира вториот план за спас на Грција во износ од 160 милијарди евра. На подолг рок, единствениот начин за спас од вакви ситуации е поголема економска интеграција, оцени Барозо. Тој најави и дека Европската комисија наскоро ќе предложи опции околу воведувањето на еврообврзници.
Автор: ГЧ/миа
Редактор: Е.М.Фиданоска