1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Автопат со чоколаден прелив

ЖА
10 мај 2018

При превртување на камион-цистерна на автопат во Полска, околу 60 километри источно од Познањ, се излеале дванаесет тони течно чоколадо.

https://p.dw.com/p/2xTmn
Polen Unfall LKW mit Schokolade
Фотографија: picture-alliance/PAP/Twojaslupca.Pl

„Слатко искушение“ на автопат - дванаесет тони течно чоколадо вчера се излеале на автопат, откако камион-цистерна од неразјаснети причини удрил во банкината и потоа се превртел. За работниците кои ја санираа штетата - повеќе главоболки отколку задоволство, зашто чоколадото брзо се стврднувало и тешко се отстранувало. „Изгледаше како огромна чоколадна табла. Кога ќе се стврдне, чоколадото е полошо од снегот“, истакна шефот на локалната противпожарна служба, Богдан Ковалски. Сообраќајот на автопатот на 60 километри источно од Познањ поради тоа бил во прекин неколку часа.

Возачот на цистерната поминал само со полесни повреди.

„Чоколаден автопат“