1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Автогол за Украина

Максим Драбок
31 мај 2018

Сето личеше на холивудски шпионски трилер. Најпрво од Украина стигна вест дека во Киев е убиен критичарот на Кремљ, а само ден подоцна истиот човек е претставен жив на светската јавност. Зошто Украина го приреди ова шоу?

https://p.dw.com/p/2yhtp
Ukraine Kiew vorgetäuschter Mord an Journalist Arkadi Babtschenko NEU
Фотографија: Reuters/G. Garanich

Веста се прошири како огнена стихија. Од целиот свет пристигаа изрази на сочувство, политичарите ги изразуваа своите жал и бес. И германскиот претседател Штајнмајер го осуди наводното убиство на 41-годишниот руски новинар Аркадиј Бабченко. А тогаш нечекуван потег: убиството го исценирала украинската разузнувачка служба СБУ, за наводно да ги уапси оние кои навистина планирале да го убијат Бабченко. Сепак, оваа постапка на СБУ започна бројни горчливи прашања. И доколу на нив не се одговори, тоа би можело да ја поткопа веродостојноста на Украина.

Дали инсценирањето на убиството беше навистина неопходно?

За да се појасни- дури и само планирано- злосторство, ова не мораше нужно да се случи. Можеби Киев сакал да предизвика што е можно поголемо внимание- и само таквиот лажиран атентат можел да осигура дека медиумите ширум светот ќе посегнат по таква тема. Киев веројатно планирал во согласност со постоечката огорченост на светската јавност да ја стави Русија на обвинителна клупа. Наместо тоа, Кремљ сега може да го обвини Киев оти ја лаже меѓународната заедница.

Journalist Arkady Babchenko in Kiew ermordet
Фотографија: picture-alliance/dpa/Stringer/Sputnik

Колку по ова случување се веродостојни украинските институции?

Постои разлика меѓу „тајна операција“ и „циркуско шоу“. Како треба да реагира светот кога нареден пат ќе се објави вест за таков инцидент? Ќе се почека ли ден или два за да се увери дека тоа навистина се случило? Киевската влада сама се доведе во недозволена позиција доколку не биде во можност да понуди вистински докази со кои ќе го оправда делувањето на силите на безбедност. Дури и ако постојат докази за украинските обвинувања против Русија, постои и ризик веродостојноста на оваа земја да биде трајно нарушена.

Повеќе:

-Екстремен измамнички маневар во Киев

-Украина ја обвини Русија за убиство на новинарот Бабченко

Дали е можно сопругата на Аркадиј Бабченко да не знаела за инсценираната смрт на својот сопруг?

На конференцијата за новинари по „специјалната операција“ најавено е дека семејството на Бабченко не било информирано. Аркадиј Бабченко за време на ова случување во живо и' се извини на својата сопруга: „Жал ми е, Олечка, но не постоеше друга можност“. Пред тоа киевската полиција извести оти Бабченко, со прострелна рана на грбот и облеан во крв, го пронашла сопругата во нивниот заеднички стан, и потоа повикала итна помош. Бабченко, како што е уште известено, починал подоцна во возилото на итна помош. Меѓутоа, постојат некои недоследности кои сепак мораат да се разјаснат.

Ukraine Journalist Arkadi Babtschenko PK in Kiew | mit Yuriy Lutsenko
Фотографија: Reuters/V. Ogirenko

Како украинската разузнувачка служба можела да го наведе наводниот атентаторот на соработка?

Човекот кого Москва наводно го ангажирала за атентатот на Бабченко соработувал со украинската разузнувачка служба. Според зборовите на државниот обвинител во Киев, Јуриј Лутсенко, тајната служба благовремено ги открила плановите за атентатот и му се „обратила“ на платениот убиец. Меѓутоа, се' уште нема дополнителни информации за тоа.

Во моментов за да се склопи целата слика за овој случај недостасуваат уште многу делови од мозаикот. Киев ќе мора уште многу работи да објасни. Во спротивно Русија би можела да преземе судски ингеренции- и „специјалната операција“ да ја заведе како класичен автогол за Киев.