1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Tепачка во парламентот во Венецуела

Во парламентот во Венецуела дојде до попуштање на нервите: опозицијата извести за тепачка меѓу пратениците. Дури и политичарките добија крвав нос.

По спорните претседателски избори, во Венецуела владеат тензии меѓу владата и опозицијата. Напнатоста се рефлектираше и во парламентот, каде вчера (30.04) изби физичка пресметка меѓу пратениците, од којашто некои излегоа со раскрвавени глави.

Инцидентот се случи во текот на бурната седница кога, според тврдењето на опозицијата, седум нивни пратеници биле нападнати и повредени додека протестирале против мерките во Националното собрание да не зборуваат поради тоа што не ја признаваат изборната победа на избраниот наследник на починатиот венецуелски лидер Уго Чавез, Николас Мадуро на претседателските избори одржани на 14-ти април.

Пратениците од владејачката лева партија ги обвинија своите „фашистички“ противници за предизвикување на инцидентот, а новиот претседател Мадуро изјави: „Знаевме дека опозицијата дојде да предизвика насилство“ и дека „тоа не смее да се повтори“.

Handfeste Auseinandersetzung im venezolanischen Parlament

Пратеникот Хулио Боргес со повреди на лицето

Николас Мадуро го победи својот опозициски противник Енрике Каприљес со 1,5 отсто од гласовите, по што вториот одби да ги признае резултатите од претседателските избори тврдејќи дека биле лажирани и дека имало илјадници случаи на неправилности.

Според аналитичарите, овие избори покажаа дека народот во Венецуела е длабоко поделен по 14 години тврдо социјалистичко владеење на Уго Чавез.

„Можат да не` тепаат, затвораат, убиваат, но нема да ги продадеме своите принципи“, изјави за локалната телевизија еден од опозициските пратеници, Хулио Боргес, покажувајќи го пред камерите своето раскрвавено лице и многуте модринки. „Овие удари ни даваат нова сила“, додаде Боргес.

Службеници од венецуелското Национално собрание, коишто не сакале да бидат именувани, за новинската агенција Ројтерс изјавиле  дека тепачката почнала кога опозициските пратеници на претседателот на парламентот Диосадо Кабео му викнале дека е „фашист“ и развиле транспарент на кој пишувало „Парламентарен државен удар“.

Тогаш биле нападнати од пратениците на владејачката партија, а во пресметката меѓусебно се гаѓале со се` што ќе им се нашло при рака, од столчиња до лаптопи, додека еден застапник, според изјавата на неименуван очевидец, е удрен со столче по главата.

Судирот го предизвикала мерка којашто ја донел парламентот, во кој доминираат пратениците од редовите на владејачките сили, со којашто на опозициските пратеници им се забранува да зборуваат од говорницата на Националното собрание се` додека не го признаат Николас Мадуро за претседател на Венецуела.

По изборите од 14-ти април најмалку осум луѓе се убиени во насилните протести, а десетици се притворени. Опозицијата вели дека станува збор за нов бран репресија, а Мадуро ја обвинува дека сака да изведе државен удар.