1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

"Say Macedonia" во Берлин

Силвера Падори6 октомври 2008

Делата на шеснаесет реномирани македонски уметници изложени во „Прима Центар“ - Берлин и монодрамата во изведба на Јусуф Гулевски, беа содржината на манифестациите "Say Macedonia" во германската престолнина.

https://p.dw.com/p/FSQY
Фотографија: AP

„Добре дојдовте и се‘ најдобро. Го оставив радиово тивко да свири, зашто и тука, во Германија, можам да ја слушам нашата македонска песна. Благодарам што дојдовте...“

Вака Јусуф Гулевски, авторот и актер на монодрамата “ Овде живее т.т. еден човек од Македонија”, од бината ја поздрави публиката, и продолжи: “Долго сум тука, во Германија, ама толку добри пријатели не ми дошле. Не знам од каде да почнам... Знаете, за човек кој си зборува самиот со себе кај нас велат дека нешто му фали...“

Јусуф Гулевски ја раскажува приказната на т.т. во алтернативниот театар “Форум Солдинер”, во Берлин. Како дел од "Say Macedonia", германската и македонска публика имаше прилика да ја види сторијата за Македонецот кој стигнал во Германија. Монодрамата, која својата премиера ја имала во 1999., во Скопје и Германија, и ден денешен не загубила на интензитетот , особено, во деловите кога Гулевски се сеќава на татковината, семејството, на трагични случки.

Покрај на сцената, "Say Macedonia" визиуелно може да се проследи и преку изложените слики и графики на македонските елитни творци. Заедничката соработка меѓу „Прима центар“ - Берлин и македонската амбасада е мошне плодна, што ја потврдува и изложбата "Say Macedonia".

„Имаме многу пријатели во Берлин. Германската публика со тоа што ја осознава македонската уметност, станува свесна и за постоењето на македонската култура и историја“, коментира Јован Балов “моторот” на македонската културна презентација во Берлин.