1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Oсуда на кршењето на човековите права во Сирија

Советот на Обединетите нации за човекови права денеска донесе резолуција со која го осуди систематското кршење на човекови права во Сирија.

default

Како пример за кршењето на човековите права во Сирија се посочуваат произволните егзекуции, прекумерната употреба на сила и прогонот на демонстрантите и активистите за заштита на човекови права.

Со резолуцијата се предвидува во Сирија да се испрати меѓународна истражна комисија, која треба да ги испита случувањата околу разбивањето на антивладините демонстрации, вклучувајќи и евентуално сторени злосторства против човештвото и покрај забелешките на Русија, Кина и Куба.

Резолуцијата ја иницираа Европската унија, САД и неколку арапски држави, како Саудиска Арабија.

Според извори на ОН, над 2.200 лица ги загубиле животите во антивладините протести, кои траат од половината на март.

Автор: ЖА/БГ/макфакс/дв

Редактор: Борис Георгиевски