1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Oсомничениот убиец од Денвер - срамежлив, љубезен и тешко вооружен

По крвопролевањето во Аурора, кај Денвер, Американците се обидуваат да ги откријат причините на младиот човек кој на премиерата на филмот „Бетмен“ уби 12 луѓе и рани уште 60 други.

Соседите и познаниците го опишуваат 24-годишниот Џејмс Холмс како љубезен, срамежлив и повлечен - типичен осаменик.

Студентот најверојатно со недели го планирал нападот. Тој сосема легално снабдил оружје и повеќе од шест илјади парчиња муниција. Неговиот стан го наполнил со експлозивни стапици. Непосредно по масакрот е уапсен на паркиралиште зад киното, со заштитна облека и гас-маска.

Она што досега го соопшти ФБИ не дава многу информации за извршителот. Тој е маж, белец, висок 1,90 метри и роден е на 13 декември 1987 година. Не бил казнуван. Полицијата во Аурора го запрела само еднаш поради преголема брзина на возење.

Aurora Haus Attentäter

Зградата кадешто живее Холмс

Холмс израснал во Сан Диего, во Калифорнија. Том Маи, сосед на неговите родители, се сеќава дека бил срамежлив тинејџер кој немал контакти со младите во соседството. Родителите се „љубезни“ и активни во локална црковна заедница, изјави соседот за весникот „Сан Диего Јунион Трибјун“.

По завршување на средното образование Холмс студирал неврологија на Универзитетот во Калифорнија во Риверсајд, каде според наводи на факултетот, завршил во 2010 година. Од јуни 2011 година се запишал на натмошни студии во истата сфера на Универзитетот во Колорадо, но најверојатно се подготвувал да прекине со студирањето.

Сосед во Аурора се сеќава дека Холмс „секогаш носел панталони во маслинести бои и шешир“. Освен тоа, како што трвди Габриел Мациас, тој видел како момчето внесува во станот оружје во куфер. „Не го познававме добро, не разговараше со никого“, вели Мексиканецот.

Colorado Attentat Wohnung James Holmes

Од станот на Холмс, во време на убиството, се слушала постојано иста песна

Мелвин Еванс кој работи како чувар во зграда во околината го среќавал Холмс неколку пати во барот во близина. „Секогаш беше сам“, вели тој, додавајќи дека сметал оти Холмс е „љубезно момче“. Тој одвреме навреме водел неврзани разговори со него околу временската прогноза. Самиот Холмс себеси се опишува како „мирен и некомплициран студент“. Таков е описот имено што за себе го дал кога барал стан, јавува „Денвер Пост“.

На Фејсбук и Твитер Холмс не бил активен. „Никој не го познаваше, никој“, цитиран „Денвер Пост“ еден студент по фармација кој живеел во истата зграда со Холмс. Тој дури и не ги поздравувал другите станари кога ќе ги сретнел во ходникот. Во петокот вечерта (20.07) студентот по фармација се јавил во полиција поради тоа што од станот на Холмс постојано се слушала една иста песна. Отприлика во исто време атентаторот влегол во кино-салата и почнал со убивање.