1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Oлмерт прогласен за виновен поради корупција

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт денескa (10.07) oд страна на општинскиот суд во Ерусалим е прогласен за виновен по обвиненијата за корупција.

Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт денеска е прогласен за виновен поради корупција од страна на израелски суд. Судот смета дека е докажана вината на Олмерт во една точка од обвинението, а за две други тој е прогласен за невин. Висината на казната ќе биде одредена подоцна. Обвинувањата за корупција против 66-годишниот Олмерт се однесуваат на времето кога тој беше градоначалник на Ерусалим (1993-2003) и министер за трговија и индустрија (2003-2006), пред 2006. година, кога стана израелски премиер. Олмерт е прогласен за виновен за протекција на поранешен адкокатски партнер. Освен тоа, тој беше обвинет дека повеќепати ги наплатувал трошоците од патувањата во странство, и дека од американскиот бизнисмен Морис Талански примил стотици илјади долари во кеш и во чекови. За последниве обвинувања тој е ослободен.

За целото време на судската постапка почната во 2009. година Олмерт тврдеше дека е невин. Тој во 2008. година поднесе оставка на премиерската функција и на лидерското место во партијата Кадима поради обвинувањата за корупција. Ова е првпат да биде осуден поранешен израелски премиер.