1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Mission Europe

Mission Berlin – Содржина

Мисијата на Ана има за цел да ја спречи криминалната банда, која патувајќи низ времето се обидува да го врати минатото и да ја турне Германија во историски хаос.

Logo: Mission Berlin

Ана е хероината од Mission Berlin

Ана се наоѓа во хотел во Берлин. Во собата број 40 убиена е жена. Набргу се јавува сомнеж дека можеби Ана требало да биде убиена. Инспекторот сака да и’ постави неколку прашања на Ана и притоа на огледалото во нејзината бања наоѓа таинствена порака на германски јазик: "In der Teilung liegt die Lösung, folge der Musik." На што се мисли? Можеби на старата музичка кутија, што одненадеж се најде на ноќната масичка? До крај останува неизвесно, дали Ана навреме ќе открие што значи пораката.

Бидејќи Ана е виртуелна хероина од компјутерска игра, потребна и’ е поддршката од соиграчот. Тој седи пред својот компјутер и ја придружува Ана, не само низ Берлин, туку и низ времето и просторот: од Источен Берлин до Западен Берлин, од 2006, преку 1961, се’ до 1989 година. Играчот, заедно со хероината Ана, ги анализира околностите и мора да донесе одлуки што за неа значат живот или смрт.

WWW-линкови