1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Mанипулација на натпревари во Чешка, уапсени 12 лица

Чешката полиција денеска (12.09) уапси дванаесетмина професионални активни и поранешни фудбалери под обвинение за манипулирање натпревари.

Според обвинението, активните и поранешните фудбалери го договарале исходот од натпреварите. Портпаролот на специјалната единица за борба против корупција, Јарослав Ибехеј, изјави: „Дванаесет лица се уапсени под сомневање за корупција во фудбалот, за можни манипулации со натпревари во различни лиги и со тоа поврзани обложувања.“ Имињата на уапсените не се соопштени поради истрагата која сѐ уште е во тек.

Освен тоа, на сослушување се поканети уште 20 други лица. Полицијата, која соработува и со колегите од Словачка, изврши и претрес на 15 станови. Медиумите јавуваат дека во скандалот, покрај играчи од втората и третата лига, се наводно вмешани и луѓе од прволигашките клубови Теплице и Јаблонец.