1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Mакедонската реклама за инвестиции е изложена на критика во Франција

Две години по рекламната кампањата „Инвестирајте во Македонија“ објавена во францускиот печат, Македонија очигледно ја повторува грешката. Новата реклама во фрнацускиот печат е изложена на критики.

default

Во време на криза претпријатијата не инвестираат во странство

Рекламата на која покрај текстот за поволните услови за инвестирање во Македонија, се појавува и рака со ножици за да се илустрира подобро намалувањето на трошоците, веднаш се најде на удар на француските интернет форуми.

Неповолен момент за привлекување инвестиции

Така на една од најпосетените веб страници „Арет сур л`имаж“, специјализирани за коментирање на медиумите, рекламната кампања на Македонија е објаснета како „директен повик до француските претпријатија да го делокализираат производството во една европска земја каде платите се разумни“. Имено во рекламата се фали дека бруто платите во Македонија изнесуваат само 400 евра. Истовремено треба да се знае, дека во француските Антили се штрајкува повеќе од еден месец за да се изнуди зголемување на платите за 200 евра.

Во период кога Франција најавува дека влегува во длабока рецесија и дека очекува да бидат изгубени 300. 000 работни места како резултат на кризата, по новите рекордни 90. 000 нови невработени само за месец јануари, сигурно е дека не е избран вистинскиот момент за ваков тип на рекламно претставување на Македонија.

Претседателот Никола Саркози, пред неколу денови беше јасен. Помошта што француските претпријатија ќе ја добијат од државата за излез од кризата, тој ја услови со прекин на делокализацијата.

Социјалната и стопанска регресија може да доведат до криза

Пред две години македонските претпријатија беа споредувани со полскиот водоводџија. Но со „македонското претпријатие“, според адвокатот Родолф Бослу, се оди уште подалеку: данок од 10%, забрзана регистрација на претпријатијата и тоа што најмногу го лути, компетентна работна рака за само 370 евра бруто месечна плата. „Ново социјално елдорадо“.

„Кога денес ќе ги видите рекламите во весниците за инвестирање во Македонија, во кои ви велат ’има ефтина скапа работна рака, скоро непостоечки данок врз претпријатијата - Дојдете во Македонија’. Но, Европа не е тоа. Социјалната и стопанската регресија можат да доведат до криза“, нагласи тогаш пратеникот и претседателски кандидат, Никола Дипон-Ењан.

Познато ни е дека Франција во моментов се’ уште е една од највоздржаните земји за идните проширувања на Унијата. Рекламна кампања за инвестирање во Македонија сигурно набрзо ќе биде искористена и од политичарите и оние кои сакаат „повеќе Европа“, со хармонизација на законодавствата, но тргнувајќи од највисоките социјални придобивки, сега се служат со стравот од „македонското претпријатие“.

Поканата за инвестирање во Македонија, Филпи Херман - шеф на претпријатие од Алзас, ја гледа како можност за препријатијата да излезат на нов пазар, но во моментов според него „Потребно е да се види дали има претпријатија кои можат да инвестираат во странство. Во актуелната криза тие најнапред гледаат да ги зачуваат работните места во Франција и да го спасат самото претпријатие.“