1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Le Tour de France 2006 меѓу афери и обнова

„Le Tour de France“ преживеа. Отсуството на седумкратниот победник Ленс Армстронг во пензија и отстранувањето на главните фаворити, Јан Улрих и Иван Басо, поради серизоните сомневања дека се вмешани во допинг афера, повеќе и помогнаа отколку што и одмогнаа на најпрестижната велосипедска трка во светот. Трката зема нов здив и неизвесноста беше присутна докрај.

Флојд Лендис, победикиот на Le Tour de France 2006

Флојд Лендис, победикиот на Le Tour de France 2006

Годинашниов победник американецот Флојд Лeндис, жолтата маичка ја обезбеди во предпоследната поединечна брзинска етапа, лишувајќи го Шпанецот Оскар Переиро од победата.

Како во филмско сценарио. Ландис во тешка криза при искачувањето на Ла Тусиер со десет минути задоцнување зад Переиро, ден потоа поранешниот совозач на Армстронг, како препороден самиот извози 130 километри освојувајќи го Морзин и „Le Tour de France 2006“.

„Тој го воодушеви целиот караван, целиот караван“, изјави генералниот директорот на трката Жан-Мари Леблан. Но тој не верува дека Флојд Ландис ќе направи победничка серија како неговите сонародници Грег Лемон и Ленс Армстронг.

„Една генерација си замина. Таа на Армстронг, Улрих, Ерас и Хамилтон, не верувам дека нив ќе ги видиме понатаму во велосипедизмот. Тука се младите, како Италијанецот Кунего кој остави силен впечаток, а го забележавме и младиот Германец Фотен и другиот Кледен. Ова се протагонистите за наредните години.“ – прогнозира генералниот директор на Tour de France.

Ова беше и последната трка на Жан-Мари Леблан, како генерален директор. Тој ја остава Tour de France во едно привидно добро спортско здравје, иако сомневањата за допинг се и понатаму присутни. Сите допинг-афери беа откриени од полициските истраги кои наликуваат на истраги за наркотици, наместо од спортските инстанци за анти-допинг контрола.

Велосипедизмот, е хронично болен од 1998 по аферата Фестина, сигирно по годинешниве откритија дека тој не се излечи наеднаш. 2006 не беше трка на „обновата“. Сепак, на Пиренеите и на Алпите видовме повторно лица на тркачи со гримаси, откажувања, слабости. Затоа некои сакаат да веруваат дека велосипедизмот е во подобро здравје. Полека но сигурно се создава свеста дека не смее да се убие кокошката која несе златни јајца. Според едиторијалот на угледниот париски Ле Монд, „Тоа е во интерес е на сите: тркачите, спонзорите, организтаорите, дифузерите. Трката не е Феникс, за секогаш да се преродува од својата пепел, таа нема неограничен број на животи. Велосипедистите имаат обврска да бидат примерни, иако некои од нив се жалат и велат дека не е подобро во другите спортови. Тоа можеби е вистина. Но во никој случај не ги оправдува оние кои се обидуваат да лажираат.“ Тоа тие им го должат на 13 милиони гледачи ширум Франција и на околу 4 милијарди телевизиски гледачи ширум светот, што прави од Tour de France, најгледан спортски настан по Олимписките игри и Светското првенство во фудбал.