1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Kриминалците најмногу ги боли удар по џебот

Европската комисија сака во иднина полесно да запленува имот и возила од криминалците. Комесарката Малмстром во Брисел ги претстави најновите мерки.

Криминалците често ги инвестираат нелегално заработените пари во автомобили. Низ цела Европа. Халите се полни со запленети автомобили. Тоа за европската комесарка за внатрешни работи значи само едно:

„Организираниот криминал се интересира единствено за пари, пари, пари“, вели Сесилија Малмстром.

Овие пари треба да се вратат назад на легалниот пазар. Примери за тоа има многу. Ова некогашно седиште на мафијата, во меѓувреме стана хотел кој го раководи државата. Автомобилите одат на аукции, а парите се слеваат назад во државните каси. Но, досега државата успеваше да си поврати само еден мал дел од капиталот. Новопредложеното законодавство би требало да го реши тој проблем на ниво на ЕУ.

„Предлогот ќе ги поедностави правилата и ќе ги пополни законските дупки кои досега ги користеше организираниот криминал. Предлагаме јасни и едноставни правила за конфискувана стока и кога не е во директна врска со криминалот“, вели Малмстром.

Европската комисија во иднина сака да гони и трети лица, кои посредно профитираат од криминалот. За сето тоа да профункционира, земјите-членки ќе мораат најпрво да го променат националното законодавство.

Автор: Маркус Бониш/БГ

Редактор: Симе Недевски