1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Kриза на израелската влада

По вчерашното неуспешно гласање за буџетот во Парламентот, премиерот Ариел Шарон ги отпушти четворицата министри на секуларната Шинуи партија, која гласаше против милионските суми за ортодоксните религозни движења.

Премиерот Шарон во Кнесетот

Премиерот Шарон во Кнесетот

Според досегашните најави Шарон се стреми кон создавање голема коалиција со Лабурситите, која би му донела и доволно мнозинство за плановите за расформирање на еверејските населби во Појасот Газа. Доколку тоа не се оствари, тогаш ќе мора да бидат распишани предвремени избори, што ќе го одложи заживувањето на мировниот процес на Блискиот исток.

Слични проблеми го преокупираат и раководството на Палестинците. На претстојните избори за нов претседател ќе се кандидира и Марван Баргути, веројатно најомилениот палестински политичар, кој меѓутоа е осуден на доживотен затвор поради организирањето атентати врз израелски цели. Баргути претходно најави дека нема да се кандидира и дека со тоа ќе го поддржи кандидатот на неговото Фатах движење, Махмуд Абаз. Но, по консултациите со најбилските соработници и со семејството, сопругата на Баргути соопшти дека тој сепак ќе се кандидира. Ова се толкува како отворено фрлена ракавица на старата грда. Прашање е меѓутоа колку од Палестинците би гласале за кандидат, кој е навистина многу омилен, но сепак се наоѓа во израелски затвор и со тоа му е значително ограничена можноста за контакти. Дел од експертите сметаат дека Баргути се обидува на овој начин да издејствува сепак помилување и излегување на слобода.