1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

IT- браншата смета на позитивна нула во 2010 година

На најголемиот саем на компјутерска и информатичка технологија ЦеБИТ се претставуваат 4.160 излагачи од 68 земји. Хајтех-браншата во Германија посилен подем очекува во 2011 година. Но, атмосферата е веќе подобрена.

default

Автомобил со сензори

Речиси 60 проценти од сите претпријатија од информатичката и телекомуникациска област веќе во првиот квартал годинава очекуваат пораст на приходите. Претпријатијата повторно инвестираат во информатичка технологија, а бум доживуваат смартфоните, портабл-компјутерите и тенките телевизори. И покрај тоа, Аугуст-Вилхелм Шеер, претседател на БИТКОМ, здружение на германските ИТ бранши, е сосем претпазлив во прогнозите: „За 2010 година очекуваме позитивна нула. Оваа година ја сметаме за преодна и очекуваме во 2011 пораст од 1, 6 проценти“.

Post E-Brief Brief Internet Cebit 2010

Електронско писмо

Падот лани изнесуваше 4,3 проценти, вкупниот обем 140 милијарди евра - вистински скромни бројки за браншата порано навикната на успеси. Но, во неа и онака е тешко да се постигне позначајно зголемување на приходите. Навистина, расте количеството на продадени апарати, но тиe се истовремено и се’ поевтини. Компјутер во просек сега чини 480 евра, 20 проценти помалку од лани, мини-компјутер може да се добие и за 250 евра. Треба да продадеме најмалку за осум проценти повеќе апарати, за кај приходите да останеме барем на позитивна нула, вели Аугуст-Вилхелм Шеер.

Слично е и кај телекомуникациите - незапирливо расте обемот на разговорите и на податоците пренесени преку фиксната и мобилната телефонија, но истовремено надлежните регулаторни власти ги намалуваат цените. „Имаме 830 илјади вработени и таа бројка ја одржавме стабилна и во кризната година. Сега имаме 20 илјади слободни работни места; мало опаѓање, оти порано беа 40 илјади“.

Flash-Galerie CeBIT 2010

Проблем на браншата е како да ги привлече млaдите да студираат информатика. И универзитетите мора да ги преобмислат своите дидактички методи, оти и натаму секој втор студент по информатика ги напушта студиите. Ако Германија сака да преземе предводничка улога во градењето интелигентни мрежи за сообраќај, здравство, енергетика, за учебен процес и за сервиси за граѓаните, тогаш мора во владата да се најде и министер надлежен за темите од дигиталниот свет, смета Аугуст-Вилхелм Шеер.

Автор: Ролф Венкел/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска