„Gornamakedonija″ е неприфатливо име за Димитров | Македонија | DW | 23.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Gornamakedonija" е неприфатливо име за Димитров

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска отворена призна дека предлогот на Атина за споено име без превод не е реално решение во спорот за името.

„Не може да се каже дека е сложено име со некаква одредница кое го содржи зборот Македонија ако имаме еден збор“, рече шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање околу грчкиот предлог за споено име во оригинал, без превод, како што е предлогот „Gornamakedonija". 
„Тешко е да се аргументира дека тоа е сложено име ако имаме еден збор“. Тешко ми е да му го кажам тоа на својот народ, дополни Димитров. 

„Можам да најдам многу аргументи да објаснам зошто тоа веројатно не е најдобриот правец“, рече Димитров.

„За мене, многу е важно дистинкцијата која се обидуваме да ја најдеме да биде достоинствена и да не направи некаков посебен случај од ова. Мора да најдеме начин да излеземе од овој спор со исправени глави“.

Погледнете ја целата прес-конференција во ова видео: 

Гледај видео 26:51
Now live
26:51 минути

„Gornamakedonija" е неприфатливо име за Димитров

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема