1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

"Good Bye Lenin" ја доби Европската филмска награда

Еден германски филм е првпат добитник на Европската филмска награда, или како што уште се нарекува, европскиот оскар. Меланхолично-сатиричната комедија "Good Bye Lenin" на режисерот Волфганг Бекер, вчеравечер во Берлин практично однесе шест награди. Така, најдобар машки актер е Даниел Брил, кој во филмот го толкува главниот јунак, а заедно со неговата партнерка Катрин Зас и режисерот Бекер ја доби и наградата на публиката. Филмот "Good Bye Lenin" доби и награда за најдобро сценарио. Автор е Бернд Лихтенберг. Приказната за момчето чија мајка е висок партиски функционер во времињата на ДДР, и која пресвртот и падот на sидот ги минува во болница, во кома, за откако ќе се разбуди и откако лекарите ќе забранат секакво непотребно возбудување, благодарение на привидот што успешно и' го претставува нејзиниот син, да живее со месеци во заблуда дека сеуште живее во ДДР, ги наполни касите во германските кина и беше продадена во 68 земји. Филмот ќе ја претставува Германија и на овогодинашното доделување на оскарот. Европски режисер на годината е Дене Ларс од Трир, за филмот "Догвил", а наградата за најдобра женска улога ја доби главната хероина на филмот "Базен", Британката Шарлот Ремплинг. Европската филмска награда, која во Берлин пред илјада гости од светот на филмот се одржа во арената Трептов, следната година ќе се одржи во Барселона.