1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц бара поддршка од ЦДУ за уставните измени во Македонија

БГ
14 декември 2023

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја замоли најголемата германска опозициска партија, ЦДУ да влијае врз ВМРО-ДПМНЕ за усвојување на уставните измени во Северна Македонија.

https://p.dw.com/p/4a8r0
Германија Канцелар Олаф Шолц Бундестаг
Германскиот канцелар Олаф Шолц во БундестаготФотографија: Liesa Johannssen/REUTERS

Германската влада не се откажува од усвојување на уставните измени во Северна Македонија, со што на земјата би и се отворил патот кон продолжување на преговорите за членство со ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во средата, од парламентарната говорница, го апострофираше ова прашање, во рамките на владината изјава, пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, и пред неговото заминување на самитот ЕУ- Западен Балкан.

„Во Северна Македонија, владата и опозицијата имаат пред себе измена на Уставот. Сега мора да ги спроведат измените во интерес на сопствената земја. И ќе ви бидам благодарен Вам, драги колешки и колеги од ЦДУ/ЦСУ, доколку го искористите вашето влијание врз сестринската партија во Северна Македонија за да пружите конструктивна помош за решение“, рече Шолц.

Проширувањето со квалификувано мнозинство

Опозицискиот лидер и претседател на ЦДУ, Фридрих Мерц застана пред собраниската говорница веднаш по Шолц, но во 13-минутната реплика на канцеларот, не одговори на барањето.

Во обраќањето до пратениците, Шолц најави дека ќе се заложи и за укинување на принципот на едногласност во ЕУ, вклучително и кога станува збор за проширувањето на Унијата.

„Потребно е повеќе одлуки да се носат со квалификувано мнозинство, вклучително и во делот на процесот на интеграција“. Националните парламенти сѐ уште ќе го имаат последниот збор, но една земја веќе нема да може да го блокира секој чекор“, изјави Шолц, алудирајќи на блокадите на Грција и Бугарија кон Албанија и Северна Македонија во процесот на пристапување на овие земји кон ЕУ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема