1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Geo2gether“ - од студентите за студентите

Иницијативата „Geo Together“ е проект на Институтот по географија при универзитетот во Бон. Преку неа на студентите на овој факултет, како Германци така и странци, им се овозможуваат оптимални услови за студирање.

default

Студетни на универзитетот во Бон

„Посебното во нашата понуда ’geo2gether’ е што лично му приоѓаме на секој студент, со него разговараме за личните проблеми, а освен тоа има и размена меѓу странските и германските студенти, така што странските студенти се добро згрижени на нашиот институт,“ вели Штефани Фишер. Таа е докторант на универзитетот во Бон и во слободно време доброволно се ангажира во проектот „geo2gether“. Од 2006 година, студентската инцијатива им нуди помош на странските студенти на Институтот по географија на Универзитетот во Бон. Проектот се роди врз база искуствата што германските студенти лично ги стекнале при нивниот престој во странство.

Сопствените искуства се база за проектот

IMS International Media Studies Logo Partner Uni Bonn

На универзитетот во Бон студира и Симоне Акерман, која се ангажира во „geo2gether“. „Ние сме студенти по географија и патуваме насекаде по светот. Многумина студираат еден семестар во странство и на тој начин собираат искуства, кои не секогаш се добри. Ги собравме нашите искуства и ги искористивме за да им помогнеме на студентите од странство кои доаѓаат на нашиот институт, со цел на студентите на нашиот институт да им биде подобро, отколку што делумно е во странство.“

Наградата на Министерството за надворешни работи е потврда за концептот на студентите. Наградата во износ од 7.500 евра им отвора можност на студените да ја подобрат својата понуда. Покрај помошта за пишување семинарски работи и реферати, на студентите од странство во иднина ќе им се понудат и заеднички екскурзии. Штефани појаснува зошто токму овој проект ја доби наградата: „Мислам дека голема улога игра, од една страна, долгогодишното искуство кое го собравме. Но, од друга страна е мотивацијата, луѓето забележуваат дека сме убедени во она што го работиме.“

Доброволниот ангажман високо се цени

Штефани Кноблох од Германската академска служба за размена ДААД само го потврдува истото. Таа ја распишува годишната награда на министерството и точно знае зошто проектот „geo2gether“ ја доби наградата. „Во основа може да се каже дека проектот ’geo2gether’ е награден поради тоа што, во прва линија, се работи за доброволен ангажман. Тој ги исполни сите критериуми. Освен тоа, проектот постои веќе подолго време и се чини дека ќе функционира и во иднина. Со тоа ја убеди комисијата.“

Hauptgebäude der Universität Bonn

Универзитет Бон

Иако Штефани и Симоне се радуваа на наградата на министерството, она што за нив е најважно е задоволството кај студентите, како на пример на Џан од Кина. Студентката по географија ја користи понудата на „geo2gether“ и знае што добива од него: „’Geo2gether’ ми помага на пример за корекција на семинарските работи, поточно корекција на јазикот. На пример, како подобро да преформулирам некои реченици, или ако имам стручни проблеми, тогаш исто така се обраќам кај ’geo2gether’.“

Симоне Акерман исто така профитира од контактите со странските студенти, и затоа честопати работи подолго. „Она што ми прави посебно задоволство, е што запознавам луѓе од други земји, други култури, други традиции, на пример во конкретниов случај запознав човек од Кина со кого честопати разговарам за земјата и јазикот. Исто така, преку неа малку научив и кинески. Тоа е она што ме фасцинира.“

Автор: Нина Тројде/Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска