1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Genser

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgM3

Ханс Дитрих Геншер поранешниот министер за надворешни работи на Германија и претседател на германските либерали денеска го прославува својот 80 роденден. Геншер кој во својата кариера се наоѓаше на повеќе политички функции важеше за посредник меѓу истокот и западот. Политичарот чиј заштитен знак беше неговиот жолт пуловер ќе остане запаметен и по неговиот ангажман за обединувањето на Германија. Во предвечерието на германското обединување во есента 1989 година Геншер од балконот на германската амбасада во Прага пред неколку илјади сонародници од исток соопшти дека тие добиле дозвола за патување во западна Германија

О-ТОН

“ Дојдовме да ви соопштиме дека имаме дозвола за ваше доаѓање на запад

Германскиот претседател Хорст Келер Геншер го нарече патриот кој на светот гледал со прагматизам. На прославата на неговиот роденден денеска во Берлин ќе присуствуваат повеќе од 1000 гости од политиката, културата, уметноста