1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Диво зајаче спасено од пожарот на Родос

25 јули 2023

Романски пожарникар од својата дланка му дава вода на видно исцрпено диво зајаче спасено од пожарот на грчкиот остров Родос.

https://p.dw.com/p/4UKji
Griechenland: Auf der Insel Rhodos brennt ein Waldbrand
Фотографија: Romanian Government’s Department for Emergencies/REUTERS

Од огнената стихија на Родос не се загрозени само луѓето, туку и животните – медиумите јавуваат за бројни угинати домашни и диви животни, меѓу кои и елени од видот Дама-Дама, заштитен вид кој живее во чемпресова и борова шума.

Иако со денови во акција се повеќе од 100 хеликоптери за гаснење на огнот, пожарите во повеќе региони на Грција беснеат и натаму, како што јавува Службата за цивилна заштита. Десетици илјади луѓе се евакуирани од Родос и Крф, што е најголема акција од ваков вид досега во Грција.

На помош на грчките пожарникари и волонтери кои се борат со огнот се стигнати и пожарникари од Романија, Словачка и Полска.