1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Facebook & Co. – тренд, потреба и злоупотреба

Младите лесно доаѓаат до содржини на интернет, кои не им личат на возраста, но често им се злоупотребуваат и личните податоци. Во Македонија, во случај да се утврди злоупотреба на податоци казните се високи.

default

Интернет револуцијата во Македонија, по обичај ги донесе придобивките, ама и лошите нешта. Податоците говорат дека 53 проценти од населението користи интернет. За кусо време социјалните портали од типот на Skype, My space или Facebook им влегоа под кожа на Македонците. За едни тое е потреба, за други забава, а за трети интернетот бескончено место за малверзации, дискредитации и злоупотреби.

Забранетото е секогаш поинтересно

„Младите од секогаш биле љубопитни и сакале да се служат со недозволени средства. Но, порано тие содржини најчесто доаѓале преку весници и други списанија. Со напредокот на технологијата ги смениле

Werbeoffensive im Web 2.0 facebook Deutschland Internet Werbung Datenschutz

само начините. Тие се сега побрзи и поинтересни за нив и затоа ги користат,“ вели педагог Славица Илиќ, директор на основно училиште во Охрид.

Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook. Најчесто им се крадат лозинките, корисничкото име, па се’ до кражба на идентитетот. Ние контактираме со администраторите, открива портпаролот Елена Стојановска: „Особено треба да бидеме претпазливи што прават децата на интернет кога станува збор за портали регистрирани надвор од Македонија, зашто таму ниту полицијата, ниту дирекцијата можат да имаат конкретна надлежност, “ додава Стојановска.

Потребно е да се внимава кои страници се посетуваат

Verbraucherzentralen mahnen Netzwerke ab

Дирекцијата за спречување на злоупотреба на личните податоци отпочна кампања за подигање на свеста, пред се’ кај учениците, за да внимаваат при дружбата на интернет. Ваква акција покрена и Црвениот крст – Охрид. Анета Јованоска е координатор на младите и мајка на две деца кои се во пубертет. Таа признава дека мрежите за дружење се злоупотребуваат: „Јасно ни е на сите дека има вулгаризми и навреди. Тоа може да се надмине само со поголема контрола на родителот врз децата. Да гледа кои сајтови ги посетува, со кого комуницира и што пишува детето на интерет и во својот профил.“

Казните за злоупотреба на личните податоци преку интернет, ако се докажaт се високи, од 900 до 4.000 евра или една година затвор за сторителот на делото.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александара Трајковска