1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

EK: Кипар го отвори патот за финансиска помош

Кипар може да смета со исплатата на првата транша парична помош договорена со пакетот за спас од банкрот, договорен уште пред три недели.

Кипар ги исполни сите услови за да ја добие првата транша од економската помош за спас од банкрот, се вели во извештај на Европската комисија.

Се работи за окиолу три милијарди евра. Европскиот фонд за спас на еврото, ЕСМ за исплаќањето решава денеска. Германската влада препорачува исплата на средствата, се дознава од документот испратен од Министерството за финансии до Комисијата за буџет на Бундестагот.

Земјите од еврозоната преку ЕСМ на Кипар му ставија на располагање околу девет милијарди евра преку кредити, а уште една треба да дојде преку ММФ. Голем дел треба да обезбеди самиот Кипар преку радикално преструктуирање на климавиот банкарски сектор.

Државата која влезе во финанскиски потешкотии, успеала да постигне и договор со Русија за намалување на долгот кон неа, добивајќи од Москва уште две години за покривање на побарувањата при намалена камата од 2,5 отсто, се вели во извештајот на ЕК.

Минатата недела парламентот во Кипар со мнозинство ги одобри договорите пoстигнати со кредиторите, ослободувајќи го на тој начин патот за помошта. Освен тоа, кипарскиот парламент го зголеми данокот на приходи од камата на 30 проценти.

Според ЕК, на островот износост од данокот од имот ќе биде зголемен на најмалку 75 милиони евра.