1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Eпидемија на стомачен вирус во Германија

Повеќе од 8.000 деца и млади во источниот дел на Германија се заболени од стомачен вирус. Експертите го бараат жариштето.

Голем број деца и млади од источните германски покраини ги зафати епидемија на стомачен вирус. Надлежните институции утврдија дека се работи за високо заразниот Норовирус. Во покраината Саксонија евидентитрани биле 16 случаи, додека во Тирингија досега се забележани седум случаи. Властите во Тирингија меѓутоа сметаат дека за избивањето на епидемиајта мора да има и други причинители. Институтот Роберт Кох за сега не сакаше да излезе со проценки. „Но мораме да го коментираме секој лабораториски резултат“, изјави портпаролката Сузане Гласмахер во Берлин.

Flash-Galerie MenschMikrobe Noroviren

Норовирус

Епидемијата се прошири во пет германски покраини на источниот дел на земјата. Погодени се повеќе од 8.000 ученици и деца како и некои педагози, соопшти денеска портпаролка на надлежните власти во Берлин. Сите школски установи, каде изби епидемијата, добивале храна од иста кетеринг служба.

Во повеќето случаи болеста се прележува без поголеми компликации. Само малкумина пациенти мораа да бидат стационирани. Норовирусот предизвикува дијареа и повраќање како и болки, гадење и температура.

Експертска група во меѓувреме трага по причинителот за избивањето на епидемијата. Тие ги прочешлуваат менијата во мензите, испитуваат проби од јадењата, и ги проверуваат патиштата на испорака. Засега се’уште не може да се утврди точното жариште на заразата, изјави портпаролот на министерството за заштита на потрошувачите Холгер Ајхеле.