1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Eден самит не е доволен за спас на еврото

Самитот за спас на еврото не донесе конкретни резултати. Имаше големи очекувања и пофалби, но по самитот дојдоа само скепса и разочарување. Меѓутоа, развојот на еврозоната во правец кон фискална унија е добар чекор.

ILLUSTRATION - Eine Frau zeigt am Donnerstag (08.12.2011) vor der Zentrale der Europäischen Zentralbank (EZB) in Frankfurt am Main nach oben. Auf einem EU-Gipfel in Brüssel verhandeln die Mitgliedsstaaten über einen Stabilitätskurs für die Gemeinschaftswährung. Wie sich der Euro weiter entwickelt bleibt unklar. Foto: Stephan Scheuer dpa/lhe

Големи надежи без конкретни резултати

Во новиот договор, кон кој ќе се приклучат сите 17 земји од еврозоната и уште шест други земји на ЕУ, се внесени кочница за долговите и автоматски санкции против земјите што ќе ја пречекорат утврдената граница на буџетскиот дефицит. Со тоа ќе се врати веродостојноста на монетарната унија, смета Штефан Шнајдер од Дојче банк Рисрџ.

„Но, политичарите не би биле политичари, доколку некаде не обезбедат извесна флексибилност”, напоменува експертот во разговорот за Дојче веле. До март наредната година треба конкретно да се формулира текстот за новиот договор. Потоа следува процесот на ратификација, кој би можел да се оддолжи до крајот на 2012 година.

Побргу отколку што беше планирано ќе дојде долгорочниот чадор за спас (ЕСМ)

Наместо во 2013, тој веќе од средината на 2012 година треба да го замени досегашниот провизорен фонд (ЕФСФ). Тоа е позитивно, оценува Ханс-Петер Бургхоф, научник-економист од универзитетот Хоенхајм, во интервју за Дојче веле. Прашање е само како тој ќе функционира, во дилема е Бургхоф.

„Дали ќе биде тоа чадор за спас, што ќе влијае како мрежа-лежалка за починка и ќе го загрозува европскиот систем, или пак ќе содржи и регулатива за инсолвентност на државите, па владите не ќе можат да се опуштат?”

Германската Бундесбанка гледа позитивно на планираното зголемување на средствата на Меѓународниот монетарен фонд за земјите во криза.

„Разговорите со владата се одвиваат конструктивно,” вели еден претставник од германската емисиона банка. Централните банки на земјите-членки на Унијата треба на Меѓународниот монетарен фонд да му стават на располагање 200 милијарди евра, што тој ќе ги дава на земји од еврозоната со финансиски проблеми. На тој начин ќе се заобиколи забраната, оти Европската централна банка не смее да ги финансира овие земји.

Ќе им бидат доволни парите на Италија и Шпанија?

Stefan Schneider, Chief International Economist von DB Research. Die Rechte hat DB Research

штефан Шнајдер од Дојче банк Рисрџ

Меѓутоа, постои генерално сомневање дали оваа сума ќе биде доволна за заштитен бедем за Италија и Шпанија. Италија има долг од 1,9 илјади милијарди евра, од тоа 320 милијарди треба да се платат следната година. Неизвесно е колку долго Италија може да ги плаќа каматите за рефинансирање. Иако новата влада на чело со Марио Монти досега ги оправда големите меѓународни очекувања, Италија останува клучна земја за иднината на Европската унија.

„Доколку еврозоната не успее со посилна фискална соработка да ја доведе Италија на вистинскиот пат, тоа ќе има еклатантни последици врз нејзиниот опстанок”, вели Штефан Шнајдер од Дојче банк.

Одлучувачки денови за Европската унија

Во наредните недели ќе биде од решавачко значење како Европската централна банка и рејтинг агенциите ќе ги толкуваат резултатите од самитот, вели Јерг Кремер, главен економист на Комерцбанк. Рејтинг агенцијата “Стандард и пурс” гледа во германско-француските предлози „многу ветувачки” знаци во вистински правец. Меѓутоа, опасноста од скорешно намалување на рејтингот на повеќе земји од еврозоната се’ уште е акутна.

На почетокот на декември (08.12.2011) Европската централна банка ги разочара инвеститорите со најавата дека нема масивно да го зголеми купувањето обврзници. Останува да се види дали по самитот таа ќе процени дека и самата треба повеќе да придонесе за сузбивање на кризата.

Автор: Џанг Данхонг / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Ж.Ацеска

DW.COM