1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Eврото останува атрактивно за некои европски земји

Среде досега најголемата криза на еврото, Естонија од први јануари ја воведе во промет заедничката европска валута и со тоа стана 17-та членка на монетарната унија.

default

Воодушевувањето кај населението за заедничката европска валута се движи во граници

Стопанството на малата балтичка држава се смета за одлично подготвено за овој чекор. Имено, Естонија и Луксембург беа единствените земји кои во 2010 година ја испочитуваа границата за максимален буџетски дефицит од 3 проценти, пропишан со Пактот за стабилнодт на еврото. Владата во Талин се надева дека со воведувањето на еврото ќе привлече нови странски инвеститори и ќе ја зајакне трговијата. Естонскиот премиер Андрус Асип во послениве неколку години спроведуваше строг курс на штедење. Затоа Естонија денес, што се однесува до буџетската дисциплина, важи за пример во Европа. Добри оценки за ова дојдоа и од Брисел уште во мај минатата година: „Естонија достигна висок степен на стопанска конвергентност и затоа е подготвена од 1 јануари 2011 година да го воведе еврото како платежно средство во земјата“, изјави еврокомесарот за монетарни прашања Оли Рен.

2010 година беше турбулентна година за еврото

Symbolbild Euro Estland Fahne

Естонија се надева дека со воведувањето на еврото ќе се зајакне трговијата во земјата

Буџетскиот дефицит на Естонија во 2009 година изнесуваше 1,7 проценти од бруто националниот производ. Ова е далеку пониско отколку што е предвидено со Пактот за стабилност на еврото. Освен тоа државните долгови се значително пониски за разлика од останатите земји-членки на ЕУ и изнесуваат само 7, 2 проценти од бруто националниот производ. Само кај инфлацијата Естонија не се наоѓа на добра позиција. Стапката на инфлација последен пат во земјата изнесуваше 5 проценти. Воодушевувањето кај населението за заедничката европска валута се движи во граници. Последните анкети покажаа дека разликата меѓу подржувачите и противниците на еврото е речиси еднаква. Голем број Естонци стравуваат дека ќе дојде го зголемување на цените во земјата.

Автор: Филип Билски / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска