1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Deutsche Sprache schwere Sprache“

19 октомври 2009

Познавањето странски јазици е често предуслов за наоѓање работа. Кој вистински сака да го владее јазикот, најдобро е да си обезбеди престој во земјата каде што се говори јазикот.

https://p.dw.com/p/K0em
Учењето на германски е предуслов за успешни студииФотографија: picture-alliance/ dpa

Германскиот јазик е тежок јазик: така веруваат многу луѓе од разни земји од светот. Но за поголемиот дел од студентите, тоа сепак не е причина да се откажат од учење, туку пред се‘ е предизвик.

Во Европската унија постои програма за поттикнување студентска размена. Во рамките на програмата „Ерасмус“ заинтересераните можат да се добијат стипендија за студии на еден од германските универзитети. Пред тоа, каднидатите треба  во доволна мера да го совлада германскиот јазик. Тоа ќе го докажат со дипломата ZMP односно централниот испит за познавање германски од среден степен според „Инситутот Гете“. Така е и во Келн, објаснува Андреа Штајнбрунер, заменик раководител на наставата по германски како странски јазик на Универзитетот во Келн: „Ние го тестираме нивното ниво на знаење и тие потоа продолжуваат со учење од утврденото ниво па натаму. Доколку, меѓутоа, некој во Германија сака да студира и таму да дипломира, тогаш треба да го положи т.н. DSH-испит“.

Deutschland Kultur Goethe Institut Zentrale in München
Централата на „Институтот Гете“ во МинхенФотографија: picture-alliance/ dpa

Познавање на јазикот претпоставка за студирање

DSH е кратенка за јазичниот испит, што се признава на факултетите. Со него се тестираат способностите релевантни за студирање, како способностите за разбирање на предавањата, разбирање на научни текстови и можноста за пишување на германски. Барањата се високи и се унифицирани во цела Германија. Поради тоа, студентите мораат значително подобро да го познаваат јазикот и повеќе да учат, споредено со учењето за други тестови за познавање на јазик. „На нашите курсеви, уште од почетокот, се посветува големо внимание на граматичката исправност на напишаното, бидејќи подоцна тоа е потребно за време на студиите. Освен тоа, покрај нормалните курсеви, имаме специјални курсеви со акцент на економската терминологија, германистика или правна терминологија“, напоменува Штајнбрунер.

Автор: Сузане Кордс / Ана Алибегова

Редактор: Александра Трајковска