1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија: Расте предноста на коалицијата на Борисов

Марија Илчева
3 април 2023

По мртвата трка на парламентарните избори во Бугарија, се зголемува предноста на централно-десничарската коалиција на поранешниот премиер Бојко Борисов.

https://p.dw.com/p/4PcFE
Бојко Борисов Бугарија избори
Бојко Борисов на гласање во Софија, 2.04.2023Фотографија: Nikilay Doychinov/AFP

Последните податоци од Централната изборна комисија во Софија покажуваат предност од 2% на коалицијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, пред коалицијата Промената продолжува (ПП)-Демократска Бугарија (ДБ). Коалицијата ГЕРБ-СДС, по пребројани 81% од гласовите, има освоено 26,7%, а либерално-конзервативниот блок ПП-ДБ - 24,7% гласови.

Останати партии кои сигурно ќе влезат во парламентот се „Преродба со 14,6 отсто од гласовите, ДПС со 12% и БСП со 9% освоени гласови.

Влезот во идното 49. Народно собрание на Бугарија сѐ уште е неизвесен за партијата Има таков народ. Партијата ќе треба да чека на конечните резултати поради тоа што според актуелната состојба го има одвај поминато прагот за влез во парламентот (4%).

Аналитичарите и по овие петти избори во рок од две годиниочекуваат тешко составување влада во Софија.