Aпел за итна помош за Либија
31 август 2011Хуманитарната ситуација во земјата бара итно дејствување, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Њујорк.
Преодниот совет на Либија, во меѓувреме, го отфрли предлогот за испраќање војници на ОН во земјата, кој Франција го достави до Советот за безбедност на ОН. Француската влада во предлогот предвидува и учество и на Германија во една таква мисија. Германски сили, инаку, не учествуваат во воздушните операции против силите на Гадафи.
По повеќемесечни борби на бунтовниците против режимот на Моамер ел-Гадафи, Либија е речиси целосно под контрола на бунтовниците. Борби се’ уште се водат во преостанатите две упоришта на долгогодишниот властодржец - приморскиот град Сирте и градот Бани Валид, југоисточно од престолнината Триполи. И НАТО во меѓувреме ги засили воздушните напади врз Сирте каде што се верува дека Гадафи нашол прибежиште. Бунтовниците притоа им поставија ултиматум на приврзениците на Гадафи до сабота да се предадат доброволно. Во спротивно, тие најавија дека со масивна воена сила ќе дејствуваат против силите верни на Гадафи.
Автор: СН/ЕМФ/дв
Редактор: Трајче Тосев