1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Aкциите на берзите минуваат низ бура

За само неколку месеци, најважните индикатори во Њујорк и Европа достигнаа историски височини: германскиот ДАКС прескокна 8 илјади поени, Доу Џонс за малку не го достигна нивото од 13 илјади и 700.

default

Крах на берзата во Шангај: загрижени лица на акционерите

Уште понервозно е зад сцената, зашто берзанскиот пејсаж се наоѓа пред големи промени.

Порано трговијата со акции беше работа на државата, денес се во е во приватни раце, а тие сакаат само едно – да бидат големи. Соодветно на тоа се интензивни трките по фузии. Штефан Волф за браншата во која во наредните години нема да остане камен на камен:

Старо звоно ја најавува трговијата со акции на паркетот на франкфуртската берза. Додуша, доаѓа од лента, меѓутоа укажува на старата традиција. Од крајот на 16-сеттиот век, овде се работи со промени на курсевите. И ден денес овде се извикуваат цените на акциите. Трговците купуваат и продаваат. Меѓутоа, одамна берзанскиот бизнис се одвива преку комјутерите. 96 проценти од германската рговија со акции се одвива преку Ксетра системот на Германската берза. Ксетра важи за најмодерен систем на зделки во светот. Тој е извозен шлагер. Сепак, пропадна планот за европска берза. Двапати поранешниот шеф на берзата Вернер Зајферт се обиде да се спои со лондонската берза, последен пат во 2005:

„Секако дека сме сигурни оти оваа понуда за лондонскиот Сток ексчејнџ на крајот од процесот ќе донесе успех. Второ, ние сме стрпливи и не сме без алтернативи„.

Така мислеше Зајферт пред две години. Меѓутоа, обидот пропадна врз големите акционери на берзата, врз Хеџ-фондовите кои го соборија раководството, а касата на концернот ја испразнија како вонредна дивиденда.

Наследникот на Зајферт, Рето Франкиони се пушти во потрага по спомнатите алтернативи. Тие беа тука: берзата од повеќе земји – Евронекст се состои од берзите во Париз, Амстердам, Брисел, Лисабон и Термин берзата Лајф во Лондон. Кога само 4 различни трговски системи би биле заменети со еден, би биле заштедени милионски трошоци. Рето Франкиони вели:

„Не може вештачки да станеме помали од што сме. Тоа не е можно од различни причини. Па, сепак, партнерот мора да се третира партнерски. Тоа значи: не сакаме да доминираме, ниту некого непријателски да преземеме, тоа постојано го велам. Со партнерите сакаме да создадаме ситуација во која ќе се гледаме во очи за да кажеме:’Ако не го направиме тоа, пропуштаме можност’. За тоа станува збор„.

Со фузијата со Евронехст, Германската берза сакаше пред се да стане рамноправна со американските пазари. Со акции и заеми во вредност од 51 билион долари, Вол стрит и Насдак се број еден во целиот свет. Европскиот простор, како обединета берза, можеше да спротивстави 30 билиони долари. Но, и ова не успеа.

Во меѓувреме е отсонуван сонот за заеднички европски финансиски простор. Њујоршкиот Сток ексчејнџ, односно Вол Стрит, го презеде Евронекст. Американската технолошка берза Насдак залудно се туркаше да ја преземе лондоската берза ЕЛ-ЕС-Е, а сега сака истото да го направи со Северната берза О-ЕМ-ИКС која ги обединува берзите на Скандинавија со Балтикот. Берзанскиот ескперт Аскан Иреди од Постбанк, позитивно гледа на сегашниот тренд на трансатлантски сојузи:

„Во основа живееме на глобализирана планета и не може да се негира дека стратегиите на фирмите активни во целиот свет се оние исправните. Сепак е можно да се најдат дупки низ кои може посебно добро да се профитира„.

Аскан Иреди пак,смета дека Германската берза може и самата да опстане:

„Сигурно дека може. Но, мора да се каже: стана густо и дека е за жалење што работите не минаа поинаку, било во Лондон, било со Евронекст. Сега е тешко да се најде некој вреден за внимание. Германската берза секогаш располагаше со техника, но ги нема големината и прометот што мораше да ги има за долгорчно да се пробие„.