90 насто од смртните казни во светот се извршуваат во Кина | Свет | DW | 20.04.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

90 насто од смртните казни во светот се извршуваат во Кина

Овој податок е забележан во извештајот за смртните казни во 2005-та на невладината организација Амнести интернешнл . Според извештајот 20 илјади луѓе во светот го очекуваат извршување на смртна казна , иако генерално трендот за спроведување на оваа најстрога казнена мерка е во надолна линија .

default

Никогаш нема да биде познато колку луѓе биле погубени во Кина во минатата година , бидејќи во народната република , точната бројка на извршени смртни казни е државна тајна. Организацијата за заштита на човековите права Амнести Интернешнл во својот годишен извештај објавен вчера , зборува за 1770 извршени смртни казни, или околу 90 насто од вкупната бројка на светско ниво.

Кинеските правни експерти изнесуваат бројка од 8000 извршени смртни пресуди. Ни и тие можат само да претпоставуваат. Правниот експерт од кинеската академија за Социјајлни науки Лиу Венрен вели:

„ Мислам дека барем половината од со смрт казнетите деликти не се криминални дела на насилство. Ние правниците генерално сметаме дека економските кривични дека и деликтите околу сопственичките права и за корупција не треба да се казнуваат со смрт“

Од јули годинава во Кина во сила стапува закоснката мерка со која смртните казни ќе ги потврдува само кинескиот Врховен Суд во Пекинг. Досега меѓутоа тоа можеа да го правата и судовите во провинциите , што според Лиу кој ја поздравува ваквата промена , беше и една од причините за големиот број изречени смртни казни во земјата:

„На локално ниво властите сакаат да ги заплашат луѓето со тоа што изрекуваат повеќе смртни казни. Значи ние сакаме на провинциите да им биде одземена оваа моќ која единствено би му припаѓала на Врховниот Суд. Кинеските правни експерти очекуваат дека бројката на извршени смртни казни на тој начин ќе биде намалена за 30 насто.

Но засега во Кина и натаму ќе се извршуваат смртни казни. Тоа во март го потврди ви претседателот на Врховниот суд на земјата Ксиао Јанг. Општеството сеуште не е посготвено за тоа – го цитираа Јанг кинеските медиуми .